| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Продолжена кризната состојба со горивата до 21 октомври
Целта на одлуката е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција за да се зачува стабилноста во снабдувањето и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството, соопштија од Владата
Продолжена кризната состојба со горивата до 21 октомври
Владата ќе продолжи да ги следи сите движења на домашниот и меѓународниот енергетски пазар со цел навремено носење на нови заштитни мерки

Владата на денешната седница донесе одлука со која се продолжува рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври.

Со оваа одлука се обезбедува подготвеност на институциите за брза реакција при евентуални нагли ценовни промени на меѓународните пазари, се гарантира континуиран и непречен проток на енергенси во земјата, а се ублажуваат и евентуалните негативни последици врз буџетот на граѓаните и врз домашното стопанство.

„Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството“, соопштија од Владата.

Владата најави дека ќе продолжи да ги следи сите движења на домашниот и меѓународниот енергетски пазар со цел навремено носење на нови заштитни мерки доколку тоа го наложат околностите.

Предлогот за продолжување на кризната состојба, по усогласувањето на владините процедури, ќе биде испратен до Собранието, каде што пратениците ќе треба да ја разгледаат и официјално да ја изгласаат одлуката согласно законските надлежности.

Пред два дена премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, потсети на вжештената ситуација во Заливот и додаде дека Владата сето тоа го антиципира. Тогаш кажа дека веќе се исполнети условите од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за безоловниот и за дизелот.

Инаку, и претходно Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба со рок до 21 април до 20 јули.

Повеќе
САД изврши напади врз мостови во Иран на повеќе локации
Џинпинг повика на безбедна и контролирана вештачка интелигенција
ИРГК соопшти дека ги гаѓала радарските локации во Оман
Туркије бара целосно и безусловно вклучување во политиката „Произведено во ЕУ“
Израелската армија ги ескалира нападите во јужен Либан по мировните разговорите во Рим
Велика Британија го отфрла тврдењето на Аргентина за „воен упад“ на брод на Кралската морнарица
Холандија официјално прогласи недостиг на вода поради постојана суша
Републикански конгресмен: Разговорите за враќањето на Туркије во програмата Ф-35 се многу ветувачки
Туркије сигнализира напредок во програмата за воздушна одбрана С-400
Украинскиот Парламент го избра Сергеј Корецки за нов премиер
Џ.Д. Венс: Некој од израелската влада влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран
Началникот на германската армија во Скопје: Зајакнување на европскиот столб на НАТО преку единство
Иран: Ќе ја уништиме регионалната инфраструктура ако САД ја нападнат нашата инфраструктура
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата
ЕУ комесарот за миграција ја повика Германија постепено да ги укине внатрешните гранични контроли