Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во ЕвропаСкопскиот аеродром во август оваа година бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто, во споредба со август 2025 година, со што е еден од најбрзорастечките средни аеродроми во Европа (Medium airports, од 1 до 10 милиони патници годишно).
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто / TRT Balkan

Република Северна Македонија се најде меѓу европските пазари со најголем раст на патничкиот воздушен сообраќај во август оваа година, според извештајот на Европското здружение на аеродроми ACI EUROPE, објавен денеска за воздушниот сообраќај за август 2026 година споредено со истиот месец лани, заедно со анализа на движењата во сообраќајот во двата најфреквентни месеци од летната сезона. 

Скопскиот аеродром во август оваа година бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто, во споредба со август 2025 година, со што е еден од најбрзорастечките средни аеродроми во Европа (Medium airports, од 1 до 10 милиони патници годишно). Во оваа категорија Скопје е на петтото место по раст, зад Братислава (+75,9 отсто), Трапани (+52,3 отсто), Подгорица (+47,6 отсто) и пред Палермо (+32,3 отсто).

Земјава, според извештајот, е меѓу пазарите надвор од Европската Унија со највисок раст во август, пренесе МИА.

Аеродромите на пазарот надвор од ЕУ+, , се вели во извештајот, исто така забележале значителни разлики во движењето на патничкиот сообраќај, што ја одразува различната изложеност на геополитичките случувања, како и посилниот раст на основната побарувачка на помалку развиените авијациски пазари.

„Аеродромите во Северна Македонија (+34,8 отсто), Црна Гора (+28,6 отсто), Албанија (+20,7 отсто), Израел (+19,5 отсто), Ерменија (+14,2 отсто), Молдавија (+12,6 отсто) и Узбекистан (+10,5 отсто) забележале двоцифрен раст“, се наведува во извештајот.

Туркије, која е најголемиот пазар во оваа група, го задржала позитивниот тренд со раст од 4,4 отсто.

Во август 2026 година, најголем раст на патничкиот сообраќај на аеродромите во рамки на пазарот на ЕУ+ е регистриран во Словачка (+61 отсто), Словенија (+19,3 отсто), Естонија (+16,4 отсто), Унгарија (+13 отсто) и Малта (+12,3 отсто). На спротивниот крај од спектарот, најслаби резултати забележале аеродромите во Исланд (-9,3 отсто), Австрија (-6 отсто), Франција (-1,7 отсто), Грчка Администрација Јужен Кипар (-1,59 отсто), Норвешка (-0,3 отсто) и Германија (-0,2 отсто).

Меѓу најголемите пазари во ЕУ+, најдинамичен патнички сообраќај е забележан во Италија (+5,2 отсто) и Шпанија (+4,7 отсто), каде што значаен фактор е туристичката побарувачка. Обединетото Кралство (+0,9 отсто), заедно со Франција и Германија, забележало раст под европскиот просек.

Патничкиот сообраќај, на ниво на Европа е зголемен за 3,9 отсто во јули и за 3,1 отсто во август, забрзувајќи од растот од 1,3 отсто во вториот квартал – но и натаму постојат големи разлики меѓу националните пазари

Ова, како што се наведува во извештајот, претставува значително забрзување во однос на вториот квартал од 2026 година (+1,3 отсто), кога влијанието на војната на Блискиот Исток го ограничуваше растот.

„Аеродромите надвор од пазарот ЕУ+¹ забележале особено силен раст и во јули (+6,6 отсто) и во август (+6 отсто), додека растот на пазарот ЕУ+ бил поумерен (јули: +3,4 отсто; август: +2,5 отсто)“, се додава во извештајот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Штрајкот на кабинскиот персонал на изиЏет (еasyJet) прекина стотици летови во Португалија
Средношколските протести во Франција продолжуваат со засилен интензитет
Кремљ вели дека Русија одговара на нападите на Украина во Црното Море
САД распореди дополнителни системи „Патриот“ во Саудиска Арабија и Катар
Киргистан го лансираше својот прв сателит во орбитата
Арапската партија „Балад“ го повлекува својот лидер од претстојните општи избори во Израел
Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв
Еден загинат во Киев, и повеќе повредени во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Саудиска Арабија демантира за бомбаш-самоубиец во Големата џамија во Мека
Фон дер Лајен во Подгорица: Веруваме во Црна Гора како 28. членка на ЕУ до 2028 година
ОЈО побара нов притвор за газдата на Пулс откако го осомничи дека дал мито да добие лиценца
Туркије ги отфрли тврдењата дека била домаќин на состанок меѓу Сирија и Хезболах
Дипломираше првата генерација на Факултетот за дентална медицина при ИБУ
Хаос во Франција: Ескалираа средношколските протести
Швајцарските глечери во 2026 година изгубиле над 5% од волуменот на мраз