Бугарскиот премиер Румен Радев денес изјави дека на Бугарија „не ѝ е место“ во таканаречената Коалиција на волните за поддршка на Украина, велејќи дека Софија не ја поддржува континуираната воена помош и наместо тоа се залага за дипломатски напори за ставање крај на војната, објави бугарската новинска агенција БТА.
„Не сметам дека на Бугарија ѝ е место во Коалицијата на волните“, изјави Радев за БТВ.
Тој рече дека лично добил покана од францускиот претседател Емануел Макрон да се придружи на вчерашниот самит во Париз, но одлучил да не учествува.
„Ние не сме дел од коалиција што се залага за континуирана финансиска и воена помош за Украина. Ние не обезбедуваме помош од таков вид бидејќи сметам дека начинот за решавање на овој конфликт е преку силен дипломатски напор за прекин на ескалацијата, а не со нејзино продолжување со воени средства“, рече тој.
Прашан за новата европска иницијатива за балистичка ракетна одбрана објавена во Париз, Радев рече дека одлуките што влијаат врз колективната безбедност на Бугарија се донесуваат во рамките на НАТО и ЕУ.
„Бугарија е активно вклучена во сите овие формати, каде и да се донесуваат одлуките“, рече тој.
Коалицијата на волните на самитот во Париз вчера собра околу 25 лидери од повеќе од 30 земји учеснички.























