| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Пратениците ја изгласаа реконструкцијата на Владата- избрани осум нови министри
Собранието вечерва со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница
Пратениците ја изгласаа реконструкцијата на Владата- избрани осум нови министри
Премиерот непосредно пред гласањето рече дека е горд со сите свои соработници и министри, вклучувајќи ги и тие што беа заменети

Собранието вечерва со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница.

Мнозинството од пратениците или поточно 69 од нив, гласаше Јетон Шасивари да биде нов министер за правда, Агон Ферати за нов министер за односи меѓу заедниците, Борче Серафимовски за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Сашо Клековски да го предводи Министрството за здравство.

На чело на ресорот за социјална политика, демографија и млади е избран Ѓоко Велковски, Иван Стоилковиќ е нов министер за локална самоуправа, Седат Сулејмани седнува во ресорот култура и туризам, додека Ерџан Демир е изгласан за нов министер без ресор.

Пратениците од опозицијата ја напуштија седницата и не учествуваа во гласањето.

Непосредно пред чинот на гласањето, од говорницата се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, кој повторувајќи ги своите зборови од воведниот говор при пртетставувњето на, сега веќе новозибраните членови на Владата, дека е горд со сите свои соработници и министри, вклучувајќи ги и тие што беа заменети.

Собранието претходно денеска ги изгласа разрешувањата на дел од членовите на Владата, како дел од најавената реконструкција, а беа разрешени седум министри и двајца заменици министри.

Од функциите си заминаа министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и министерот без ресор Шабан Салиу.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД