Велешко Горно Оризари домаќин е на атрактивна хард ендуро трка со мотори „HEO ORIZARI SURVIVAL 2026“ која се одржува денес, а на која учество зедоа повеќе од 70 возачи од земјава, Косово, Србија, Грција и Бугарија.
Натпреварувачите се натпреваруваат на специјално подготвена патека во Горно Оризари, за која се погрижи организацискиот тим на „Hard Enduro Orizari“.
ПРЕПОРАЧАНО
Покрај големиот адреналин и забавата, хард ендуро трките се карактеризираат со патеки со тешки теренски услови и пречки кои е потребно да ги совладаат возачите за да дојдат до крајната цел.
Овој тип на трки станува препознатлив и попларен во последните години, особено во земјите од балканскиот регион но и Европа.
Фото/ Илустрација: Ројтерс/ Фотографија од ендуро трка во Франција
ИЗВОР:TRT Balkan





















