| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
„Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи“, изјави премиерот Мицкоски
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан / Other
пред 2 часа

Со овој проект за првпат мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 кV далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.

Тој нагласи дека денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект, туку за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на мојата држава во европското енергетско семејство.

„Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека со изградбата на овој 400 киловолтен далекувод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи.

„За првпат, мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој. Во енергетиката нема изолирани системи. Нема затворени кругови. Секој систем дише заедно со другите. Токму затоа, оваа интерконекција не е само национален проект – таа е дел од европската енергетска мрежа. Таа подразбира баланс, сигурност и способност да интегрираме нови извори на енергија, посебно фокус ставаме на обновливите, кои се иднината“, кажа Мицкоски.

Премиерот оцени дека овој проект бил еден од најкомплексните со коишто се соочиле како влада.

„Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата речиси непостоечка. Наместо градежни активности, годините беа потрошени во преговарања, одложувања и обиди за промени на цените. Беше набавена само дел од опремата, без суштински напредок на терен. И тука доаѓа суштинската разлика. Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлука донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР. Ја заштитивме државата. Ја зачувавме инвестицијата. Повеќе од половина од веќе набавената опрема останува во сопственост и ќе се искористи. Не дозволивме ниту еден ден повеќе да се губи, ниту едно евро, денар да се потроши на страна. Потоа следеше најтешкиот дел – рестарт на проект кој со години стоел во место. Се соочивме со правни, технички и организациски предизвици. Со имотно-правни прашања. Со потребата од усогласување со меѓународни стандарди и ФИДИК правила. Со обврска да го вратиме проектот во живот без да ги изгубиме веќе вложените ресурси. И успеавме“, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека со транспарентна постапка преку системот на ЕБОР, избрале нов изведувач, согласно највисоките европски стандарди и оти, како што кажа, тоа е гаранција дека овој пат работите ќе се движат и нема да стојат.

„Овој проект денес е спасен. Рестартиран. Поставен на здрави темели. Но, повеќе од тоа – овој проект е порака. Порака дека како две земји можеме да соработуваме, порака дека мојата држава знае да носи тешки одлуки. Порака дека знае да исправи грешки од минатото. Порака дека знае да гради иднина. Со овој далекувод, ние не градиме само енергетска врска. Ние градиме доверба – кај инвеститорите, кај партнерите, кај граѓаните. Градиме позиција на стабилен и сигурен партнер во Европа. И затоа, денес, кога зборуваме за Битола–Елбасан, не зборуваме само за кабли и столбови. Зборуваме за енергија што ќе ја движи економијата. Зборуваме за стабилност што ќе ги штити граѓаните. Зборуваме за иднина која ја градиме заедно. Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар. И тоа време – започнува сега“, заклучи Мицкоски.

На настанот се обрати и министерката за енергетика Сања Божиновска, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Бен Нупнау, претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, албанскиот министер за енергетика и инфраструктура Енеа Каракачи и генералниот директор на МЕПСО Бурим Љатифи. 

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран