| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Омерагиќ: Во Сараево и Истанбул бевме пречекани феноменално
„Ние имаме одлична соработка со сите федерации од регионот. Соработуваме на сите нивоа, од организирање на пријателски натпревари со младинските селекции, размена на стручни кадри и сѐ што е потребно за соработка.“
Омерагиќ: Во Сараево и Истанбул бевме пречекани феноменално
Омерагиќ: Во Сараево и Истанбул бевме пречекани феноменално / Other


Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите на кој присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски, техничкиот директор на националните младински селекции, Ѓорѓи Христов и комесарот за делегирање судии, Јосип Бартон.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, зборуваше за повеќе актуелни прашања поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, инфраструктурните проекти и зачувувањето на интегритетот на натпреварувањата.

Во однос на соработката со фудбалските федерации од балканските земји, Омерагиќ потенцираше дека соработката е одлична и дека се одвива на сите нивоа.

„Ние имаме одлична соработка со сите федерации од регионот. Соработуваме на сите нивоа, од организирање на пријателски натпревари со младинските селекции, размена на стручни кадри и сѐ што е потребно за соработка. Секогаш може подобро, меѓутоа, искрено, многу сум задоволен од тоа како соработуваме со сите од регионот“, истакна Омерагиќ.

Во контекст на можна соработка и организирање на натпреварувања од регионален карактер, Омерагиќ појасни дека во моментот „не се размислува за нешто ново.“

„Во однос на разни турнири, речиси сите држави во регионот организираат турнири (натпреварувања), развојни и слично… Под покровителство на УЕФА закажуваме пријателски натпревари, така да тоа е нешто што фунцкионирало и ќе функционира. За нешто ново моментално не се размислува, затоа што календарот е преполн и нема време, ниту можности. За младите играчи особено, ние почнавме од нула во младите категории, потребен е тренажен процес за да можеме да влеземе во покомплесен натпреварувачки систем за младите категории“, појасни Омерагиќ.

За пријателските натпревари одиграни во Сараево на 29 мај и на 1 јуни, првиот човек на ФФМ, нагласи дека фудбалот е спорт што обединува и дека во Сараво и во Истанбул пречекот бил извонреден.

„Фудбалот е спорт што ги зближува луѓето без разлика на вера, нација и се друго. Точно е дека има премногу емоции, но де факто фудбалот е нешто што зближува. Ние потекнуваме сите од една поранешна држава, пријателски народи, ние со сите имаме добри односи. Ние и во Сараево и во Истанбул бевме пречекани феноменално, и не гледам причина тоа да не биде така. Се надевам дека ќе можеме да им возвратиме и ние. Со сите репрезентации од регионот имаме одлична соработка. Нормално, секогаш кога ќе може ќе закажуваме пријатеслки натпревари“, изјави Омерагиќ на брифингот со новинарите.

Говорејќи за изминатата сезона, претседателот на ФФМ оцени дека првенството било успешно организирано и покрај бројните предизвици.

„Имавме добра сезона, немавме скандалозни судиски одлуки, а ВАР системот донесе исклучително високо ниво на успешност во одлуките. Имавме тешко првенство, испаднаа клубови со традиција, но тие треба да ја бараат вината во своите редови. Сега почнуваме со нов систем на натпреварување, четирикружно. Сите реформи за оваа сезона се спроведоа во рекордно време“, рече Омерагиќ.

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски, зборуваше за националниот тим и за можностите кои им се даваат на домашните фудбалери.

 „Повикав повеќе фудбалери и од македонското првенство и сите добија шанса. Очекуваме и посакуваме во иднина да се појават нови имиња од младата репрезентација кои ќе бидат дел од сениорскиот тим. Атмосферата во репрезентацијата е добра и покрај поразот од Турција (Туркије). Најважно е да го оставиме лошото зад нас, а верувам дека доаѓаат подобри денови“, истакна Седлоски.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка