Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му верува на Иран и тврди дека САД во моментов имаат „целосна контрола“ врз Ормутскиот Теснец.
„Не му верувам на Иран. Зошто - велите дека му верувам на Иран!? Јас сум последниот човек што му верува на Иран“, им рече Трамп на новинарите во базата Ендрус во Мериленд по неговото патување во Охајо.
„Тие постојано ме лажат“, додаде тој.
„Во моментов имаме целосна контрола врз Ормутскиот Теснец. Тие немаат контрола. Ние имаме целосна контрола. Ние го поседуваме“, рече тој.
Блискиот Исток останува напнат откако започна американско-израелската војна против Иран кон крајот на февруари. Техеран и Вашингтон сè уште не постигнале конечен договор за прекин на конфликтот, додека затворањето на Ормутскиот теснец продолжува да ги нарушува глобалните синџири за снабдување со енергија.



























