Турската компанија за одбранбена индустрија Бајкар успешно го тестираше борбеното беспилотно летало Акинџи, кое со својата ракета Сунѓур од домашно производство погоди брза воздушна цел над Црното Море.
Беспилотното летало полетало од Центарот за обука и тестирање на летови во Чорлу, во турската област Текирдаг, Мармара, и се упатило кон тест-зоната над Црното Море.
За време на тестирањето кај брегот на Синоп, Акинџи ја истрелал ракетата Сунѓур и директно ја погодил брзата воздушна цел.
Ракетата за противвоздушна одбрана Сунѓур беше развиена од турската одбранбена компанија Рокетсан.
По завршувањето на тестирањето, беспилотното летало се вратило во Чорлу по планираната траса.
Претходно, беспилотното летало изведе тестирања на гаѓање цели во воздух со мини крстосувачката ракета Кеманкеш, базирана на вештачка интелигенција, и со брзата повеќенаменска муниција Ерен со можност за задржување над целта.
Бајкар интегрираше бројни видови муниција во Акинџи, со што разви способност да дејствува против различни цели на кратки и долги растојанија.
Воздухопловната компанија од своето основање целосно ги финансира сите свои проекти со сопствени средства.
Бајкар во 2025 година остана најголем извозник на беспилотни летала во светот.
Компанијата во 2025 година оствари рекорден извоз во вредност од 2,2 милијарди долари, при што во последните години 90 отсто од нејзините приходи се генерирани од извоз.
Бајкар“ потпиша договори за извоз со 39 земји, од кои 36 за Бајрактар ТБ2, а 16 за Акинџи.






















