| Macedonian
Поврзување на регионалните стартапи со Туркије за нови можности преку програмата B2B
Десетина стартапи успешно ја поминаа акселераторската програма и имаа можност да ги претстават нивните бизнис идеи и продукти пред инвеститори, како и да се стекнат со долгорочна поддршка
Поврзување на регионалните стартапи со Туркије за нови можности преку програмата B2B
Поврзување на регионалните стартапи со Туркије за нови можности

Во Скопје, во Иновативниот центар Инокс се одржа претставување на стартапите кои поминаа шестнеделна акцелераторска програма преку Bridge2Balkan која ја организираа научни, финансиски и технолошки институции од Северна Македонија и Туркије.

Програмата „Мост кон Балканот“ (Bridge2Balkan) опфати почетни дводневни кампови, официјални обуки, шест модули од претприемачки начин на размислување до бизнис планирање и од маркетинг план и раст до бизнис модел и негово развивање.

„Возбудени сме затоа што за првпат ќе ги презентираме сите стартапи кои учествуваа во оваа програма, преку обуките и менторските сесии, па се до можноста да се претстават пред инвеститорите“, изјави Абил Бауш директор на Инокс. 

Десетина стартапи успешно ја поминаа акселераторската програма и имаа можност да ги претстават нивните бизнис идеи и продукти пред инвеститори, како и да се стекнат со долгорочна поддршка.

„Нашиот продукт „Минди Уан“ не беше во никаква фаза пред да почне оваа програма, имавме само идеја и буквално се пријавивме со таа идеја, нѐ одбраа и кога дојдовме тука почнавме да го развиваме нашиот продукт. Комунициравме цело време со нашите ментори во текот на целиот месец и очекуваме исто таква поддршка и по денешниот ден, да ни помогнат во изготвувањето на бизнис планот и во самата процедура за тоа како да го лансираме продуктот“, рече Ристе Кимов, соосновач на стартапот „Минди Уан“.

Во програмата учествуваа компании од девет различни области, почнувајќи од здравствени технологии и финтек секторот, па сè до производствени технологии, текстил, храна, медиумска анализа, градежништво и декорација.

„Она што многу ме импресионираше во врска со стартап екосистемот од Западен Балкан е потенцијалот на таленти. Беше многу импресивно, а исто така и желбата ​​за успех која постои тука, како и размислувањето на стартапите вон границите уште од првиот ден. Сите основачи на стартапи имаа многу меѓународна перспектива на размислување“, рече Мехмет Долган, соосновач на „Би Конектор“, Туркије, извршен партнер на B2B програмата.

Програмата претставува прв чекор за обединување на младите претприемачи.

„Морам да напоменам дека сум многу возбуден и многу среќен што сум тука на овој ден бидејќи ова е нашата прва програма во Скопје, крајот на првата фаза, би рекол. Причината зошто сме тука е затоа што ова не е само една програма. Имаме планови да постоиме тука, да бидеме тука подолг период и да ги зајакнеме нашите односи со стартап екосистемот. Значи, секако, имаме планови, но морам да напоменам дека главната база или нашата база ќе биде во Скопје и Македонија“, изјави Толга Билдиричи, заменик генерален менаџер на Дигитален парк Текнокент од Истанбул.

„Мислам дека парадигмата драматично се промени во последните две години бидејќи во минатото, кодирањето беше главниот проблем за деловниот свет. Но, сега не станува збор за кодирање, туку само за тоа каква е вашата идеја, колку брзо вашата идеја може да се претвори во бизнис модел, а потоа во бизнис и на крај во пристапот до финансирање“, истакна  проф. д-р Тахсин Енџин од Технолошкиот Универзитет Истанбул.

Настанот го проследи и н.е. Амбасадорот на Туркије Фатих Улусој, како и видни претставници на образовни и научни турски институции во земјава.

Повеќе
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка