| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Дали 9 милијарди евра ќе бидат доволни Европската унија да одговори на пожарите
Европската Унија распореди повеќе од 770 пожарникари во земјите со најголем ризик од пожари пред ова лето, рекорден број што го одразува фактот дека климатските промени предизвикани од човекот ги интензивираат топлотните бранови и сушите
Дали 9 милијарди евра ќе бидат доволни Европската унија да одговори на пожарите
Функционерите на ЕУ предупредија дека унијата треба да се подготви на можноста пожарите годинава да горат дури и во ноември

Европската Унија има потреба од повеќе средства за да одговори на пожарите, поголем фокус на управувањето со шумите и подобра едукација на граѓаните за ризиците од пожари во услови на климатски промени, изјави комесарот на ЕУ за управување со кризи, додека Франција и Шпанија се борат со смртоносни пожари.

Пожарите принудија десетици илјади луѓе на досега невидени евакуации низ Франција и Шпанија и уништија области веќе погодени од исклучително топлото и суво лето.

„Климатските промени се забрзуваат. Затоа нашиот одговор мора да се развива исто толку брзо“, изјави комесарката Хаџа Лабиб за Ројтерс. „Треба да се подготвиме за ризиците пред да се случат катастрофите, а не само да реагираме по нив“.

Лабиб нагласи дека само купувањето повеќе опрема за гаснење пожари не е доволно. Таа рече дека земјите членки би требало поголем дел од парите од фондовите на ЕУ да ги вложат во управувањето со шумите за да го намалат ризикот од пожари, како и подобро да ги едуцираат граѓаните за активностите што мора да ги избегнуваат по секоја цена за да спречат пожари.

Околу 90 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки активности, како што се логорски огнови или фрлени отпушоци од цигари.

Сепак, Европската Унија има ограничена улога во управувањето со шумските пожари, бидејќи одговорноста за нив е првенствено на националните влади.

Брисел го координира распоредувањето на дополнителни ресурси, кои заеднички ги обезбедуваат европските земји кога некоја земја-членка бара итна помош. 

ЕУ, исто така, има своја резервна флота, (RescEU), која вклучува 22 противпожарни авиони и пет хеликоптери, ангажирани од земјите-членки.

До вторник, ЕУ го координираше распоредувањето на седум авиони и четири хеликоптери во Франција, и шест авиони и три копнени тимови за борба против шумските пожари во Шпанија.

Климатските промени го зголемуваат притисокот врз системот. 

Европската Унија распореди повеќе од 770 пожарникари во земјите со најголем ризик од пожари пред ова лето, рекорден број што го одразува фактот дека климатските промени предизвикани од човекот ги интензивираат топлотните бранови и сушите, правејќи пожарите да се шират побрзо и да траат подолго.

Функционерите на ЕУ предупредија дека унијата треба да се подготви на можноста пожарите годинава да горат  дури и во ноември.

„Размерот и интензитетот на овие катастрофи значат дека ќе мораме дополнително да ги зајакнеме заедничките капацитети“, рече Лахбиб, додавајќи дека Европската комисија предложила да се удвојат средствата за одговор на кризи во следниот буџет на ЕУ на 10,7 милијарди евра.

Државите кои преговораат за буџетот го намалија тој предлог на 9,1 милијарди евра, покажува нивниот последен компромисен предлог.

Во меѓувреме ЕУ набавува сопствена постојана противпожарна флота, која вклучува 12 авиони Канадер и пет хеликоптера, а нивната испорака е планирана во периодот од 2027 до 2030 година.

Повеќе
Медиуми: Речиси 49.000 мигранти од Мароко неодамна влегле во шпанската енклава Сеута
АХВ предупредува: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна
Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
Кинескиот претседател Си повикува на модернизација на националната одбрана и вооружените сили
Шпанија го повика италијанскиот амбасадор откако министерот повика на суспензија од Шенген
Науру официјално го менува името во Наоеро
Израелци под заштита на армијата ги нападнаа областите во близина на Наблус
Шпанија мобилизира сили по масовни обиди за влез во Сеута од Мароко
Сабиха Ѓокчен во Истанбул ги предводи главните европски аеродроми по раст на бројот на патници
Саудиска Арабија и 13 држави формираа воен сојуз за заштита на бродовите во Црвеното Море
Бајрактар КИЗИЛЕЛМА ги заврши првите тестови за гаѓање од внатрешниот носач на муниција
НАТО: Нарушувањето на полскиот воздушен простор e предизвикано од руска ракета
Ердоган и Аун ги потврдуваат длабоките врски меѓу Туркије и Либан
Четворица Палестинци, меѓу кои и две деца убиени во израелските напади врз Газа
Нападот врз египетското пристаниште ја зголемува заканата за пловидбата низ Суецкиот канал