| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Во ирански напад со дрон оштетен меѓународниот аеродром во Кувајт, повредени неколку лица
Авиокомпанијата Кувајт ервејс соопшти дека го прекина својот авиосообраќај до понатамошно известување, а патниците ќе бидат известени за новите термини на полетување
Во ирански напад со дрон оштетен меѓународниот аеродром во Кувајт, повредени неколку лица
Исламската револуционерна гарда соопшти дека нападите врз американските бази во Кувајт се одговор на американскиот напад врз островот Кешн / Wengine

Кувајт ги прекина комерцијалните летови во среда откако во ирански напад со беспилотно летало бил погоден главниот аеродром во земјата, оштетувајќи патничка зграда и повредувајќи неколку лица.

Авиокомпанијата „Кувајт ервејс“ денес го прекина својот авиосообраќај до понатамошно известување по иранските напади што го нарушија функционирањето на меѓународниот аеродром во Кувајт.

Во соопштението пренесено од кувајтскиот весник Ал Анба, националниот авиопревозник наведе дека одлуката е донесена поради „моментните околности и во соработка со властите за цивилно воздухопловство на земјата“.

Од авиокомпанијата соопштија дека откажаните летови ќе бидат презакажани, а патниците ќе бидат известени за новите термини на полетување преку податоците за контакт оставени при резервацијата.

Портпаролот на Министерството за одбрана, бригаден генерал Сауд Абдулазиз Ал-Отаиби, изјави дека „голем број непријателски беспилотни летала го нападнале меѓународниот аеродром во Кувајт, предизвикувајќи сериозна штета на патничкиот терминал и ранувајќи повеќе лица“.

Министерството не даде веднаш детали за степенот на повредите.

Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) соопшти дека нападите врз американските бази во Кувајт биле извршени како одговор на американскиот напад врз островот Кешм во Јужен Иран претходно денес.

Повеќе
Седуммина убиени во украински напад со дрон врз автобус во Донецк, кој е под руска контрола
Украински дрон предизвика пожар на нафтен терминал во Санкт Петербург
Рубио: Планот на Нетанјаху да окупира 70% од Газа е во конфликт со планот на Трамп за енклавата
Болничар во Либан убиен од израелски дрон и покрај прекинот на огнот
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Трамп му даде поддршка на Есприела за претседател на Колумбија
Иран започна два брана напади врз американските бази во Заливот
САД го нападнаа иранскиот остров Кешм
Средба Ердоган - ал-Бурхан: Анкара продолжува со напорите за запирање на крвопролевањето во Судан
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Рубио: Иран се согласи да преговара за аспекти на неговата нуклеарна програма
Фидан во Сингапур: Тековните кризи да се решаваат со дијалог и дипломатија
Ердоган и Јетен разговараа за односите Туркије-Холандија, регионалните и глобалните прашања
Стапката на сиромаштија во Германија достигна нов рекорд
Бегај - Кошта: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е стратегиска инвестиција за мирот