Германскиот канцелар Фридрих Мерц во четврток повторно категорично ја отфрли можноста за каква било соработка со крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) пред покраинските избори во Саксонија-Анхалт следниот месец.
Позициите на АфД се разликуваат „толку фундаментално“ од оние на неговата партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) што не може да има „компромиси“, рече Мерц на состанок во градското собрание.
„АфД е партија која, поради своите блиски врски со Русија исто така ја загрозува внатрешната и надворешната безбедност на нашата земја“, предупреди тој.
Мерц продолжи велејќи дека АфД е партија „која е толку блиска до Русија - доаѓа и си оди токму тука во руската амбасада во Берлин“ - и одржува „многу блиски врски“ со лидерот на Кремљ, Владимир Путин.
Тоа го доведува во прашање „цврстото закотвување на нашиот систем на вредности во нашиот западен свет“, а исто така сака да го напушти еврото, единствениот пазар на ЕУ и Шенген зоната, според лидерот на Христијанските демократи.
Мерц се осврна на резолуцијата на неговата партија со која се прогласува АфД за некомпатибилна и нагласи дека министерскиот претседател на Саксонија-Анхалт, Свен Шулце, јасно ја исклучил соработката со AфД.
Запрашан за можните опции за коалиција по изборите на 6 септември, Мерц одби да се обврзе на конкретен сценарио, но спомена, меѓу другото, можноста за малцинска влада.




















