| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Без договор со Иран, ќе продолжиме со бомбардирањето, нема да го продолжам примирјето
Бобмардирањето на мостовите и енергетските постројки би ги погодило воено, тие ги користат мостовите за преместување оружје и ракети, рече Трамп, додавајќи дека двете страни ги надоплниле залихите за време на примирјето
Трамп: Без договор со Иран, ќе продолжиме со бомбардирањето, нема да го продолжам примирјето
Ако постигнe договор, Иран повторно може да стане силна и успешна земја, рече Трамп / Reuters

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи ако до среда вечер не се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот, додавајќи дека „нема намера“ да го продолжи примирјето.

Во телефонско интервју за Си-Ен-Би-Си Трамп рече дека смета дека е веројатно продолжување на воените дејствија доколку преговорите не успеат.

„Очекувам дека ќе бомбардираме, бидејќи мислам дека тоа е подобар пристап“, рече Трамп, додавајќи дека американската војска е „подготвена за дејствување“ и е во состојба на висока готовност.

Тој исто така изјави дека нема намера да го продолжи примирјето.

„Не сакам да го правам тоа. Немаме многу време, тие мора да преговараат“, рече Трамп.

Американскиот претседател ги повтори своите критики кон иранските власти за нивниот третман на демонстрантите, наведувајќи дека, според него, десетици илјади невооружени луѓе загинале за време на протестите.

Трамп ги предупреди иранските лидери дека САД ќе преземат „многу силни мерки“ доколку властите продолжат да убиваат демонстранти.

Зборувајќи за можни напади врз мостови и енергетски постројки во Иран, Трамп изјави дека таквите мерки би имале воен ефект.

„Тоа не е мој избор, но тоа би ги погодило воено. Тие ги користат мостовите за преместување оружје и ракети“, рече Трамп, додавајќи дека двете страни „ги надоплниле залихите“ за време на примирјето.

Тој оцени дека Иран има силен мотив да постигне договор со САД, но го нарече иранското раководство „цврсто“ и „крволочно“.

„Ако постигнат договор, повторно можат да станат силна и успешна земја“, рече Трамп.

Трамп, исто така, оцени дека јавните критики за војната со Иран им штетат на преговорите, поточно посочувајќи ги ставовите на лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис.

Неговите изјави доаѓаат во време кога се очекува американската делегација да замине за Пакистан пред можна нова рунда преговори со Иран.

Повеќе
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември
Макрон: Европа ќе остане врста во поддршката за Украина
Русија вели дека спречила наводен заговор насочен кон претставници на медиумскиот надзорник
Амбасадорката на Либан во САД го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот со Израел
Туркије и Велика Британија потпишаа рамка за „стратешко партнерство“ за продлабочување на врските
Израел: Следува смртоносен, разорен напад врз Иран, чекаме зелено светло од САД
Ердоган: Децата не треба да ја плаќаат цена на војната и угнетувањето
Дваесет и седум новинари убиени во израелските напади врз Либан
Податоци од над 300.000 Европејци се продаваат на темната мрежа по кибернападот врз Eуреил
Иран ги оствари првите приходи од таксата за транзит низ Ормускиот Теснец
Словачка и Унгарија повторно добиваат нафта преку Дружба
Во Туркије се одбележуваат Денот на националниот суверенитет и Денот на детето
Американскиот амбасадор во Туркије повика на враќање на Анкара во програмата Ф-35
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
Туркије ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години