| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Дваесет и седум новинари убиени во израелските напади врз Либан
Синдикатот на уредници на либанскиот печат ја повика Федерацијата на арапски новинари да соработува со меѓународните и арапските новинарски здруженија за поддршка на либанските новинари среде израелските напади
Дваесет и седум новинари убиени во израелските напади врз Либан
Во вчерашниот израелски напад врз група новинари во градот Тајри била убиена новинарката Амал Калил, а нејзината колешка Зеинаб Фараџ е повредена / Reuters

Дваесет и седум новинари се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, а многумина се повредени, соопшти денес Синдикатот на уредници на либанскиот печат.

Во соопштението, синдикатот го осуди вчерашниот израелски напад врз група новинари во јужниот град Тајри, во кој е убиена новинарката Амал Калил, а нејзината колешка Зеинаб Фараџ е повредена.

Синдикатот истакна дека Калил претходно добивала смртни закани од израелската армија.

„Со нејзиното убиство бројот на загинати новинари и медиумски работници се искачи на 27, покрај големиот број повредени“, се наведува во соопштението.

Синдикатот ја повика Федерацијата на арапски новинари да соработува со меѓународните и арапските новинарски здруженија за поддршка на либанските новинари среде израелските напади.

Исто така, до новинарите што работат на терен во Либан беше упатен апел да бидат претпазливи, да ги избегнуваат подрачјата со висок ризик и да соработуваат со либанската армија и другите официјални безбедносни сили во областите изложени на израелски напади.

Ова вклучува соработка со УНИФИЛ (Мировните сили на Обединетите нации во Либан), либанскиот Црвен крст и локалните тимови за помош, со цел да се избегнат жртви.

Од синдикатот порачаа дека нападите на Израел врз либанските цивили, а особено врз новинарите, „ги поминале сите граници“, повикувајќи ја либанската Влада итно да преземе мерки пред меѓународните тела и да поднесе правна тужба против Израел.

За време на вчерашниот напад израелските сили ги спречиле Црвениот крст и единиците на либанската армија да стигнат до двете новинарки и го гаѓале патот што ги поврзува Тајри и Хадата за да ги спречат спасувачките тимови, пренесува државната новинска агенција ННА.

Од 2 март во израелските напади врз Либан се убиени 2.475 луѓе, повредени се 7.696, а раселени се повеќе од 1,6 милиони граѓани, според официјалните бројки.

Десетдневниот прекин на огнот најавен од САД на 16 април треба да заврши во недела, а Израел секојдневно го прекршува.

Извор: АА

Повеќе
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора