| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Одлуката дојде откако десетици илјади луѓе се собраа во главниот град за да протестираат со барање за оставка на министерот за образование Џармендра Прадан по протекување на испитни прашања
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Се проценува дека 50.000 луѓе учествуваа на протестот во Њу Делхи во понеделник, иако полицијата не дозволи марш до Парламентот

Индиската влада го продолжи исклучувањето на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи до полноќ денес, изјавија извори од телекомуникациската индустрија за Ројтерс.

Одлуката дојде откако десетици илјади луѓе се собраа во главниот град за да протестираат со барање за оставка на министерот за образование Џармендра Прадан по објавувањето на испитните прашања.

Индискиот премиер Нарендра Моди вчера, по протестите на младите, вети дека ќе формира „брзи судови“ за да ги забрза судењата против корумпираните службеници обвинети за протекување на испитни прашања.

Предлогот на владата за брзи судења беше отфрлен од младинското движење „Движењето на лебарките“ (Cockroach Janta Party ), сатирично име усвоено од демонстрантите откако главниот судија на Индија ги опиша невработените млади како „лебарки“.

Едно од главните барања на движењето е оставката на Прадан, како и реформа на образовниот систем.

Се проценува дека 50.000 луѓе учествуваа на протестот во Њу Делхи во понеделник, иако полицијата не дозволи марш до Парламентот. Подоцна, според организаторите, полицијата употребила палки и солзавец.

Протестите се проширија и во други градови во Индија, каде што младите луѓе изразија поддршка за барањата на ЦЈП.

Од ЦЈП изјавија дека владата побарала рок до сабота попладне за да одговори на нивното барање за отстранување на министерката за образование поради скандалот со протекување на испитните листови.

Разговорите меѓу претставниците на движењето и властите дојдоа неколку часа откако активистката Сонам ​​Вангчук го заврши својот 26-дневен штрајк со глад, што даде надеж за можен напредок во преговорите

Овие антивладини протести се најголемиот предизвик што младите му го поставија на премиерот Нарендра Моди откако дојде на власт во 2014 година.

Опозициските партии ги поддржаа барањата на движењето и ја прекинаа парламентарната седница што започна оваа недела.

Опозицискиот лидер Рахул Ганди дополнително го зголеми притисокот врз владата, барајќи оставка од министерот Прадан и извинување од премиерот Моди за она што го оцени како неуспех во обезбедувањето фер образовен систем.

Ганди рече дека во последната деценија имало 152 случаи на протекување на испитни прашања и компромитирање на испитни листови, но дека ниту еден не резултирал со пресуда.

„Некој или група луѓе го уништуваат нашиот образовен систем, највредното богатство на Индија, и ги уништуваат животите на нашите ученици. Што прави владата? Нула пресуди“, рече Ганди.

Покрај оставката на министерот Прадано, демонстрантите бараат и повлекување на полициските извештаи поднесени против учесниците во протестот, како и исплата на отштета на семејствата на повеќе од десетина студенти за кои локалните медиуми објавија дека извршиле самоубиство откако прашањата од приемниот испит на универзитетите беа објавени во јавноста во мај, потсетува Ројтерс.

Повеќе
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса