Антивладиниот протест во Албанија против проектот за туристичка зона во областа Звернец во јужниот дел на земјата и против градење во заштитени подрачја денес повторно беше преместен пред Собранието, при што беа забележани и тензии, јавува Анадолу.
Граѓаните и активистите се собраа пред салата за пленарни седници на Собранието на Албанија, пред почетокот на парламентарната седница и за време на нејзиното одржување, а во меѓувреме беа забележани тензии и судири.
Демонстрантите бараа оставка од премиерот Еди Рама и, според нив, заминување на актуелната политичка гарнитура.
Дел од демонстрантите фрлаа јајца, брашно и други предмети кон зградата на Собранието, пратениците, полициските службеници и возилата кои наводно им припаѓаат на пратеници.
Демонстрантите тврдат дека полицијата употребила солзавец врз нив, а дел од нив се судрија со полицијата обидувајќи се да срушат дел од металната ограда.
Според организаторите, протестот со мотото „Албанија не е на продажба“ ќе продолжи и денес во попладневните часови.
Повеќе од еден месец во Албанија продолжуваат антивладините протести во земјата, поврзани со туристичкиот проект во Звернец и со изградба во заштитени зони.













