Националниот парк Шар Планина се вклучува во европски проект за зачувување на кафеавата мечка
РЕГИОН
1 мин читање
Националниот парк Шар Планина се вклучува во европски проект за зачувување на кафеавата мечкаСтанува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во 9 европски држави. Ќе се спроведуваат теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста на кафеавата мечка.
Националниот парк Шар Планина се вклучува во европски проект за зачувување на кафеавата мечка / TRT Balkan

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на динаро-пиндската популација на овој вид.

Станува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во девет европски држави. Во рамки на активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста и движењето на кафеавата мечка (Ursus arctos).

Од паркот информираат дека дел од поставените камери веќе се оштетени, најверојатно од мечки во потрага по храна, што укажува на нивно активно присуство на територијата.

Според податоците од 2025 година, популацијата на мечката во паркот покажува стабилен тренд, со зголемен број младенчиња. Како главни предизвици се посочуваат отпадот и човечкото вознемирување, додека се регистрирани и поединечни случаи на материјална штета.

Од националниот парк апелираат до посетителите и локалното население да не оставаат отпад и храна на отворено и да ги почитуваат природните живеалишта, со цел да се избегнат несакани средби со диви животни.

Проектот предвидува активности за намалување на фрагментацијата на живеалиштата, подобрување на коегзистенцијата меѓу луѓето и мечките, зајакнување на управувањето и законската рамка, како и унапредување на прекуграничната соработка и вклучување на локалните заедници.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ и Велика Британија го зајакнуваат партнерството: Поблиска соработка во економијата и безбедноста
Младенов ќе побара од Израел да ги ублажи ограничувањата за хуманитарната помош во Газа
Руте: САД се разочарани од европскиот одговор на Блискиот Исток
Иран објави нова мапа со деловите од Ормускиот Теснец кои ги контролира
Алиев го обвини Европскиот парламент за саботирање на мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Палестински земјоделец им пркоси на израелските окупаторски напади на Западниот Брег
Непал протестира поради рутата за поклонение низ спорната гранична област
Макрон: Иран и САД самите да го отворат Ормуз, Франција нема да учествува во никакви мисии
Мерц: САД се и ќе останат најважен партнер на Берлин во НАТО
Иран предупреди дека ќе ги нападне американските сили ако се обидат да влезат во Ормускиот теснец
Три лица починале во епидемија на хантавирус на крузер на Атлантикот
Кубанскиот претседател вели дека САД бараат изговор за воена интервенција
Највисоките европски лидери се состануваат во Ерменија за клучен самит на политичката заедница
Иран го добил и го разгледува одговорот на САД на мировниот мпредлогот од 14 точки
Трамп: Предлогот на Иран е неприфатлив, Израел не би постоел без мене и Нетанјаху