| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Ова е пример за најдоброто во нашето здравство- стручност, тимска работа и човечност, секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Алпортовиот синдром е наследна болест што го зафаќа бубрежното ткиво, а во потешките случаи може да предизвика бубрежна слабост и потреба од дијализа

Во Македонија За првпат во земјава е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост, информираше Министерството за здравство, оценувајќи го случајот како значаен медицински успех.

По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу донорот и примателот, а мајката била оценета како соодветен жив дарител.

Нејзината одлука му дава нова шанса за живот на детето и претставува важен чекор во третманот на пациенти со ретки генетски заболувања.

„Ова е пример за најдоброто во нашето здравство- стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Пред неколку дена, Клековски ги посетил и пациентите на кои им била извршена трансплантација на бубрег на Универзитетската клиника за урологија.

Кај двајца од нив бил трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот органот бил дониран од жив дарител.

Со овие три интервенции, бројот на трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија од почетокот на годината достигнал 15.

За споредба, во текот на целата 2025 година биле извршени вкупно 11 трансплантации, информираат од Министерството за здравство.

Од Министерството појаснуваат дека Алпортовиот синдром е наследна болест што го зафаќа бубрежното ткиво, а во потешките случаи може да предизвика бубрежна слабост и потреба од дијализа.

Случајот покажува дека со навремена дијагностика, детална медицинска процена и соодветна подготовка, трансплантацијата може да биде опција и за пациенти со ретки генетски заболувања.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството за довербата и согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до медицинскиот тим кој бил вклучен во сложената интервенција.

Повеќе
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин