| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Систематизирана во 28 терапевски области, оваа обновена листа нуди и 193 нови лекови кои се неопходни да бидат достапни на здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести, рече миностерот за здравство Клековски
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Министерот потенцираше дека есенцијалната листа е различна од позитивната листа, но е водич за следно проширување на позитивната листа

По речиси 11 години ажурирана е есенцијалната листа на лекови кои мора да им бидат достапни на здравствените работници во третманот на пациентите, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Систематизирана во 28 терапевски области, дефинирана во подгрупи, оваа обновена листа нуди и 193 нови лекови. Листата што содржи вкупно 372 лека, има и јасни патокази во смисла што треба да се направи доколку одреден лек не е достапен и која е неговата адекватна замена.

Новина е и тоа што антибиотиците се поделени на три подгрупи, воведени се нови терапевтски области, како мултиплекс склероза, цистична фиброза, современа терапија за ХИВ, хепатитис Б и Ц, онколошки терапии…

Листата е обновена преку Националната платформа за лекови, во соработка со институциите, стручната јавност, организациите на пациенти, а технички беше поддржана од Светската здравствена организација (СЗО).

Клековски појасни дека дека есенцијалната листа е листа на лекови кои се неопходни да бидат достапни на здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести.

Таа е водич за докторите, за фармацевтската индустрија, кои лекови се неопходни да бидат достапни во земјата и кои лекови лекарите треба да ги земаат во предвид при правењето на нивните упатства, протоколи за лекување.

„​Оваа листа имаше потреба да биде ажурирана претходно, бидејќи во овие 11 години СЗО има направено неколку поголеми промени на својата листа. ​А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 193 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап“, соопшти Клековски.

Министерот појасни дека се воведени патишта за можни замени на постојните лекови и воведени се неколку позначајни новини.

Терапевтски алтернативи и превенција

„​Прво, антибиотиците се поделени во три групи: антибиотици со широк пристап, антибиотици под надзор и резервни антибиотици. Ова е основа за воспоставување на стратегијата за борба за рационална употреба на антибиотиците и борба против резистенцијата на антибиотици, и претставува значајна измена и придонес кон јавното здравје“, рече Клековски.

Воведени се нови терапевтски области кои недостасувале во 2012: за мултипла склероза, мијастенија гравис, цистична фиброза, современа терапија за ХИВ, за хепатитис Б и Ц, онколошки терапии, поточно, терапии кои воопшто не биле предвидени во листата од 2012 година.

​Третата значајна новина се терапевтските алтернативи, односно, востановени се јасни патокази што треба да се направи кога одреден лек не е достапен и која е негова адекватна замена.

„​И четврто, воведена е превенција. На пример, во есенцијалната листа за првпат се воведува заменска терапија за никотин. ​Ова е една измена која треба да ве поттикне да почнеме да размислуваме превентивно на ракот на белите дробови, кој е една од водечките причини во превенцијата и борбата против ракот“, додде тој.

Министерот потенцираше дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, однонсно, есенцијалната листа на лекови ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, кои докторите, здравствените работници треба да ги земаат во предвид во градењето на упатствата и протоколите, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа, кој е посебен процес за проширување на нови лекови по пристапност на граѓаните.

„​Овој процес е различен, меѓутоа есенцијалната листа е водич за следно проширување на позитивната листа. Логиката на следно проширување на позитивна листа е да направиме што е повеќе за пристапноста на лекови кои се на есенцијалната листа, бидејќи се тие неопходните за третман на болестите.

​Ова ми беше важно разграничување да не направиме збрка во тоа дека ќе има 170 нови лекови на позитивната листа. Есенцијалната листа е е веќе објавена во Службен весник“, кажа Клековски.

Повеќе
Претседателот на САД: Ќе го преименуваме Ормутскиот Теснец во Теснецот на Трамп
Иран ги осуди нападите на САД врз комерцијални бродови
Не успеа конституирањето на Собранието на Косово, седницата продолжува во петок
Лидерите на кипарските Турци и кипарските Грци се сретнаа во тампон-зоната на ОН
НАТО го претстави „АНКА III“ како „НАТО 3.0 во пракса“
ЕУ: Израелските населби се нелегални и пречка за решение за две држави
Вучиќ го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври
Албулена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Норвешка одржува традиционален погреб за починатиот крал Харалд
Германската десничарска АфД бара депортација на 1 милион бегалци
Иран тврди дека нападнал американски бродови и танкери во Персискиот Залив како одговор на агресија
Белгискиот министер за економија предупредува на грчко сценарио без „храбри заштеди“
Израел продолжува со воздушните и артилериските напади низ јужен Либан
Израелските сили уапсија 20 Палестинци, вклучувајќи 2 деца, во окупираниот Западен Брег