| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Делегацијата нагласува дека ЕУ ќе продолжи да ги следи случувањата, во тесна координација со меѓународните партнери и ќе остане посветена на заштитата на основните човекови права, вклучително и правата на помалубројните заедници.
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
FILE PHOTO: European Union flags flutter in Brussels

Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје одговори на писмото што осум граѓански организации го доставија по повод јавната објава на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ.

Според граѓанските организации, од Делегацијата навеле дека целосно се запознаени со случајот, внимателно ги следат случувањата и дека својот став веќе им го пренеле на надлежните власти.​​​​​​​

„Ставот на Европската Унија за Ратко Младиќ е јасен – величањето на воени злосторници нема место во земјите што ѝ припаѓаат на ЕУ или се стремат да станат нејзини членки“, се наведува во одговорот.

Во него се истакнува дека Европската Унија е заснована врз почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста и недискриминацијата.

„Во согласност со овие темелни вредности, во европското општество нема место за поддршка на негирањето на геноцидот, ниту за величање на лица правосилно осудени за воени злосторства пред Хашкиот трибунал и неговиот правен наследник“, се наведува во одговорот.

Европската делегација ја нотирала и одлуката на граѓанските организации да го прекинат учеството во сите активности со Агенцијата под актуелното раководство.

Истовремено, од Делегацијата информираат дека во моментов не се планирани активности со Агенцијата финансирани од Европската Унија.

Делегацијата нагласува дека ЕУ ќе продолжи да ги следи случувањата, во тесна координација со меѓународните партнери и ќе остане посветена на заштитата на основните човекови права, вклучително и правата на помалобројните заедници.

Осумте граѓански организации оценуваат дека одговорот претставува јасна потврда дека објавата на носител на јавна функција, особено на директор на институција задолжена за правата на заедниците, не може да се сведе на „личен став“.

„Станува збор за прашање на институционална одговорност, меѓуетничка доверба и почитување на жртвите“, се наведува во нивната реакција.

Организациите ја повикуваат Владата на Северна Македонија итно да постапи по доставеното барање, да ја утврди одговорноста на директорот Китановиќ и да преземе соодветни мерки.

Реакцијата на организациите следува откако Китановиќ, член на коалициската Демократска партија на Србите во Македонија, на социјалните мрежи објави слика генерирана со вештачка интелигенција, на која Ратко Младиќ е прикажан покрај историски српски личности, со натпис „Генерали на небесната војска“.

Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска, почина на 27 август додека отслужуваше доживотна казна затвор изречена од Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали поради воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина.

Тој беше осуден за злосторства извршени за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година, меѓу останатото и за неговата улога во геноцидот во Сребреница во 1995 година, во кој беа убиени повеќе од 8.000 мажи и момчиња Бошњаци.

 

Повеќе
Албулена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Норвешка одржува традиционален погреб за починатиот крал Харалд
Германската десничарска АфД бара депортација на 1 милион бегалци
Иран тврди дека нападнал американски бродови и танкери во Персискиот Залив како одговор на агресија
Белгискиот министер за економија предупредува на грчко сценарио без „храбри заштеди“
Израел продолжува со воздушните и артилериските напади низ јужен Либан
Израелските сили уапсија 20 Палестинци, вклучувајќи 2 деца, во окупираниот Западен Брег
Трамп ја поздрави рекордната победа на АфД на германските покраински избори
Јужна Кореја со бојкот за јапонскиот комеморативен настан за воените работници трета година по ред
Израел нареди затворање на британскиот Конзулат во Источен Ерусалим
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
Туркије со најголем напредок во ОЕЦД во сите три области на рангирање на ПИСА
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив