| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Шариф: Со посредство на Пакистан работите се движат во вистинска насока меѓу САД и Иран
Шариф рече дека тековното посредување на Исламабад за постигнување договорно решение меѓу двете завојувани страни веќе покажало напредок
Шариф: Со посредство на Пакистан работите се движат во вистинска насока меѓу САД и Иран
Шариф: Со посредство на Пакистан работите се движат во вистинска насока меѓу САД и Иран / AA

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денес изјави дека „работите се движат во вистинската насока“ во врска со прашањето за завршување на војната меѓу САД и Иран, јавува Анадолу.

Во своите изјави пред средбата со неговиот кинески колега Ли Ќијанг во Пекинг, Шариф рече дека тековното посредување на Исламабад за постигнување договорно решение меѓу двете завојувани страни веќе покажало напредок и „работите се движат во вистинската насока“.

Во снимката емитувана од државната пакистанска телевизија, тој вели дека Пакистан одиграл „искрена улога во посредувањето меѓу САД и Иран“.

Шариф ја пофали улогата на началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, кој, како што рече, останал во контакт со раководствата од двете страни.

Мунир беше во Техеран минатата недела за да разговара со највисокото иранско раководство како дел од посредувањето на Исламабад за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток.

„Се надеваме и се молиме дека мирот ќе се врати, веќе е помината голем дел од работата“, рече Шариф, заблагодарувајќи му се на кинеското раководство за поддршката на напорите за посредување на Исламабад.

„Мислам дека навистина мора да бидеме заедно, за светот, воопшто, да биде во мир и да се врати во нормала, бидејќи оваа криза ја погоди не само економијата во регионот, туку и глобалната заедница“, рече тој.

Повеќе
Јанез Јанша положи заклетва како премиер на Словенија
Рубио: САД се повлекуваат од мировните преговори меѓу Украина и Русија
Банкарскиот сектор на Туркије останува силен и покрај глобалните ризици и неизвесноста
Ердоган: Туркије стана клучен енергетски центар и актер за мир
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина
Халкбанк со нова докапитализација од 40 милиони евра, силен сигнал за раст и стабилност
Во Тетово се одржа церемонија на дипломирање во училиштето на турската фондација „Маариф“
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад