| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје / AA Archive

Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

„Интервениравме со четири амбулантни возила“, рече доктор Панов.

Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.

„Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, велат од МВР

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции, MIA
Повеќе
Иран ги оствари првите приходи од таксата за транзит низ Ормускиот Теснец
Словачка и Унгарија повторно добиваат нафта преку Дружба
Во Туркије се одбележуваат Денот на националниот суверенитет и Денот на детето
Американскиот амбасадор во Туркије повика на враќање на Анкара во програмата Ф-35
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
Туркије ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години
Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26“
Франција вели дека ЕУ наскоро би можела да усвои санкции против Израел по промената на Унгарија
Инфлацијата во Сингапур скокна на 1,8% поради раст на транспортните трошоци
Молдавскиот олигарх Плахотниук осуден на 19 години затвор за банкарска измама од 1 милијарда долари
Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран