| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26“
Процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ.
Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26“
Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26“ / Other

На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ.

Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженериска поддршка на активностите. Со ова се нагласува координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата.

Во текот на активностите командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, извршија обиколка на контролата на вежбата, со сите нејзини елементи, при што беше согледан степенот на реализација на поставените задачи на терен.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора
Тензиите во Ормуз ескалираат: Иран запленува бродови неколку дена откако САД заробија брод