| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Претходно денес Трамп најави жесток удар врз Иран, но потоа објави дека ги откажува планираните ракетни напади што требаше да се случат вечерва, откако, како што рече, врвни ирански претставници се вмешале и одобриле преговорите
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багеј нагласи дека САД постојано ја менуваат својата позиција / Others

Иран се согласи со поголемиот дел од нацртот на потенцијалниот договор со Соединетите Американски Држави, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј и нагласи дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“.

Багеј нагласи дека Иран сè уште не донел конечна одлука за договорот, додавајќи дека поголемиот дел од текстот е завршен, иако САД „постојано ја менуваат својата позиција“, пренесува Ал Џезира.

Тој рече дека Катар и Пакистан активно учествуваат во медијациските напори, но дека неодамнешните дејствија на САД, имено нападите врз Иран, влијаеле на дипломатскиот процес.

Тој истакна дека ситуацијата во врска со Ормускиот Теснец станува сè помалку безбедна поради американските дејствија.

Претходно денес, американскиот претседател Доналд Трамп прво најави жесток удар врз Иран, но потоа објави дека ги откажува планираните ракетни напади што требаше да се случат вечерва, откако, како што рече, врвни ирански претставници се вмешале и ги одобриле преговорите со САД.

Тој им рече на новинарите во Белата куќа дека очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови, нагласувајќи дека „документите се блиску до нивната конечна форма“.

Според него, Ормускиот Теснец ќе биде отворен штом ќе биде потпишан договорот.

Трамп рече дека станува збор за „меморандум за разбирање“, опишувајќи го како многу „силен“ и „детален“.

Како што рече, иранските преговарачи го одобрија нацрт-договорот, и изрази надеж дека врховниот лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи ќе го стори истото.

Повеќе
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка