| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева
„Со помалку од пет години до 2030 година, прашањето не е дали сме посветени, туку дали сме подготвени да делуваме побрзо, попаметно и заедно”, истакна Муцунски.
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева / Other

qaМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на овогодишниот форум е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за Целите за одржлив развој”.

Во својство на ко-претседавач, министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија, нагласувајќи ја потребата од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030 во услови на сè покомплексни глобални предизвици.

„Со помалку од пет години до 2030 година, прашањето не е дали сме посветени, туку дали сме подготвени да делуваме побрзо, попаметно и заедно”, истакна Муцунски.

Тој посочи дека за Северна Македонија Целите за одржлив развој не се апстрактна рамка, туку интегрален дел од националните политики, вградени во Националната стратегија за развој и усогласени со претстојната Рамка за соработка со Обединетите нации.

Во своето обраќање, министерот нагласи дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето резултати бара координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика.

„Фрагментацијата е непријател на напредокот. Трансформацијата бара координација – меѓу влади, меѓу сектори и меѓу држави”, нагласи Муцунски.

Во текот на дводневното учество, министерот ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон Агендата 2030, преку политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка. Во рамки на тематските сесии беше отворена и дискусија за потребата од поинклузивни индикатори за мерење на напредокот, со цел подобро рефлектирање на благосостојбата, еднаквоста и одржливоста.

Форумот обедини високи претставници на држави членки, Обединетите нации, меѓународни организации, граѓанскиот сектор, младите и приватниот сектор и претставува значајна платформа за размена на искуства и добри практики во клучни области, вклучително одржлива енергија, одржливи градови, партнерства за развој, како и вода и санитарии и индустрија, иновации и инфраструктура.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември
Макрон: Европа ќе остане врста во поддршката за Украина
Русија вели дека спречила наводен заговор насочен кон претставници на медиумскиот надзорник
Амбасадорката на Либан во САД го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот со Израел
Туркије и Велика Британија потпишаа рамка за „стратешко партнерство“ за продлабочување на врските
Израел: Следува смртоносен, разорен напад врз Иран, чекаме зелено светло од САД
Ердоган: Децата не треба да ја плаќаат цена на војната и угнетувањето
Дваесет и седум новинари убиени во израелските напади врз Либан
Податоци од над 300.000 Европејци се продаваат на темната мрежа по кибернападот врз Eуреил
Иран ги оствари првите приходи од таксата за транзит низ Ормускиот Теснец
Словачка и Унгарија повторно добиваат нафта преку Дружба
Во Туркије се одбележуваат Денот на националниот суверенитет и Денот на детето
Американскиот амбасадор во Туркије повика на враќање на Анкара во програмата Ф-35
Гаши-Адемовиќ: Односите со Босна и Херцеговина се одлични
Туркије ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години