| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Израелската војска спречи достава на вода на Палестинците под опсада на Западен брег
Цистерна со вода не можеше да дојде до палестинските семејства кое од 9 август е под опсада во местото Кусра
Израелската војска спречи достава на вода на Палестинците под опсада на Западен брег
Израелската војска спречи достава на вода на Палестините под опсада на Западен брег

Израелската војска спречила цистерна со вода да стигне до домовите на Палестинците кои веќе една недела се под опсада во местото Кусра на окупираниот Западен Брег, соопштија локални извори.

Според информациите на дописникот на агенцијата Анадолу од тоа подрачје, УНИЦЕФ од 9 август успеал да достави храна и медицински материјали до жителите на Кусра, но израелските сили не дозволиле да помине цистерната која требало да достави вода до опколените домови.

Претседателот на Советот на Кусра, Абдулазим Вади, за палестинската официјална новинска агенција ВАФА изјави дека сè уште не вродиле со плод обидите да се обезбедат вода и електрична енергија за трите домови во кои се наоѓаат палестински семејства под опсада.

Палестински и странски активисти, исто така, се обиделе да им достават вода и храна на семејствата, но израелската војска ги спречила во тоа.

Израелските сили продолжуваат да го ограничуваат влезот во подрачјето кое го прогласиле за затворена воена зона.

Палестинците наведуваат дека израелски доселеници од 9 август под опсада држат три палестински семејства во Кусра, блокирајќи ги патиштата до нивните домови и оневозможувајќи им на членовите на семејствата да влегуваат и излегуваат.

Постои стравување дека семејствата би можеле да бидат принудени да ги напуштат своите домови и дека нивниот имот би можел да биде одземен.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Градоначалникот на Москва: Најголем напад со дронови во последните 2 години
Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата
Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално
Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку се „испречи“ на преговорите меѓу САД и Иран
Германија вели дека Бундесверот е на добар пат да ја достигне целта за војници за 2026 година
Ердоган: Договорот за одбрана од Мека праќа „важна порака“ до светот
Западнонилската треска во пораст, 35 потврдени случаи и тројца починати
Тројца Палестинци повредени во израелски артилериски напад врз Газа
Хутите лансираа балистички ракети кон Моча и Црвеното Море
Истанбул ќе биде домаќин на технолошкиот настан GITEX AI 2026 во септември
Јорданскиот крал Абдула ќе престојува во еднонеделна посета на Кина
Иран ја критикува Канада за поддршката на војната на САД иако е омаловажувана од Трамп
Загинати и на руска и украинска страна по меѓусебните напади
Мелони: Европа мора да ги заштити границите во услови на мигрантска криза
Израелски воздушен напад врз либанскиот град Ал-Кантара