| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Западнонилската треска во пораст, 35 потврдени случаи и тројца починати
„Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника“, вели Клековски
Западнонилската треска во пораст, 35 потврдени случаи и тројца починати
Западнонилската треска во пораст, 35 потврдени случаи и тројца починати

Досега има 35 потврдени случаи и три смртни случаи од западнонилска треска во земјава, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски, јавува Анадолу.

Клековски на денешната прес-конференција информираше за состојбата со западнонилска треска во земјава.

„Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа“, рече Клековски.

Според министерот, досега има три смртни случаи од овој вирус, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

Тој истакна дека во моментов главниот град на Грција, Атина, е најактивното подрачје во Европа во однос на западнонилската треска, а случаи веќе има и во пограничните подрачја со Северна Македонија.

„Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија, а и невролозите генерално, така што подготвеноста и капацитетот за препознавање и дијагностицирање е тука“, истакна Клековски.

За заштита од западнонилскиот вирус, кој најчесто се пренесува преку убод од комарци од родот Culex, нема достапна вакцина, а се препорачува заштита од убоди од комарци.

Се наведува дека инкубацискиот период од моментот на убодот од комарецот се движи од два до 14 дена, а кај лицата со ослабен имунитет овој период може да се продолжи до 21 ден.

Се посочува дека кај околу 80 отсто од лицата заразени со вирусот не се појавуваат никакви симптоми, додека кај приближно 20 отсто од пациентите може да се појават симптоми како треска, слабост, гадење и повраќање, главоболка и болки во мускулите.

Случаи на зараза со западнонилски вирус најчесто се регистрираат во Африка, Европа, Блискиот Исток, Северна Америка и Западна Азија.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално
Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку се „испречи“ на преговорите меѓу САД и Иран
Германија вели дека Бундесверот е на добар пат да ја достигне целта за војници за 2026 година
Ердоган: Договорот за одбрана од Мека праќа „важна порака“ до светот
Западнонилската треска во пораст, 35 потврдени случаи и тројца починати
Тројца Палестинци повредени во израелски артилериски напад врз Газа
Хутите лансираа балистички ракети кон Моча и Црвеното Море
Истанбул ќе биде домаќин на технолошкиот настан GITEX AI 2026 во септември
Јорданскиот крал Абдула ќе престојува во еднонеделна посета на Кина
Иран ја критикува Канада за поддршката на војната на САД иако е омаловажувана од Трамп
Загинати и на руска и украинска страна по меѓусебните напади
Мелони: Европа мора да ги заштити границите во услови на мигрантска криза
Израелски воздушен напад врз либанскиот град Ал-Кантара
Трамп: Многу сум среќен што Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан го потпишаа Договорот од Мека
Израелската војска спречи достава на вода на Палестинците под опсада на Западен брег