| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Сиљановска – Давкова со порака за 1 Мај: Да ги цениме работниците ако сакаме да ги задржиме тука
Претседателката посочува дека синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда.
Сиљановска – Давкова со порака за 1 Мај: Да ги цениме работниците ако сакаме да ги задржиме тука
Siljanovska-Davkova pas takimit me Millanoviqin: Kroacia mirëkupton nevojat e Ballkanit / AA

Имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат. Да се однесуваме кон работниците како кон вреден социјален капитал, ако сакаме да ги задржиме тука, или да ги вратиме дома, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во пораката упатена по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Први мај како што истакнува претседателката не потсетува на долгата, тешка, праведна и достоинствена борба на работниците за признавање на трудот како извор и творец на вредности. Од одговорите на повеќе прашања, вели таа, зависи уживањето на економските и социјални правa од страна на работниците.

„Одбележувањето на Денот на трудот во над 160 држави е вистински момент за соочување со сè уште актуелните прашања: Дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?; дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?”, порачува Сиљановска Давкова.

Таа посочува дека синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда.

Повеќе
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата