Поранешниот директор на Државната лотарија Прпарим Бајрами утринава околу 5:30 часот бил уапсен откако сам пеш им се предал на македонските власти на граничниот премин Блаце, информира македонското Министерство за внатрешни работи. Тој ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.
Бајрами беше во бегство од 2024 година. Тој е обвинет за незаконско работење на Државната лотарија заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој исто така беше во бегство и на идентичен начин се предаде. Против двајцата беше распишана меѓународна потерница.
Со обвинението за Државна лотарија се опфатени осум лица. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што е наведено во обвинението штетата која и ја нанела на државата изнесува околу 8,25 милиони евра.





















