| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Почина Биљана Плавшиќ, осудена за воени злосторства во БиХ
Поранешната претседателка на Република Српска беше осудена на 11 години затвор за воени злосторства во Босна и Херцеговина
Почина Биљана Плавшиќ, осудена за воени злосторства во БиХ
Почина Биљана Плавшиќ, осудена за воени злосторства во БиХ / َAA

Биљана Плавшиќ, поранешна претседателка на Република Српска, осудена за воени злосторства во Босна и Херцеговина, почина на 96-годишна возраст во Белград.

Според Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, Биљана Плавшиќ била водечка политичка фигура на босанските Срби и имала висока функција пред, за време и по конфликтот од 1992 до 1995 година.

„Таа учествувала во прогонувањето на босанските муслимани, босанските Хрвати и другото несрпско население во 37 општини. Поддржувала кампања за етничко раздвојување, која резултирала со смрт на илјадници цивили и протерување на илјадници и илјадници луѓе од општините во Босна и Херцеговина во исклучително брутални услови, повикувајќи паравоени сили од Србија да им помогнат на силите на босанските Срби во остварувањето на целта за раздвојување на етничките групи со употреба на сила. Таа беше осудена на 11 години затвор“, се наведува на веб-страницата на МКСЈ.

Во текот на академската кариера во Сараево, таа беше професорка по биологија, раководителка на Катедрата за биологија и деканка на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Сараево.

Од 1990 до 1992 година беш членка на Претседателството на Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, а потоа, по почетокот на војната во Босна и Херцеговина и прогласувањето на Република Српска, стана потпретседателка, функција што ја извршуваше од 1992 до 1996 година. Потоа стана втора претседателка на Република Српска, од 19 јули 1996 до 4 јули 1998 година.

Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг ја обвини за воени злосторства, геноцид, злосторства против човештвото и тешки прекршувања на обичаите и правилата на војувањето, по што по судењето била правосилно осудена. Со спогодбата со обвинителството е ослободена од обвинението за геноцид. Беше осудена на 11 години затвор.

По издржувањето на поголем дел од казната во шведски затвор, пуштена е на слобода на 27 октомври 2009 година.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Трамп: Израелски водоводџија го спасил авионот од ТВ емисија за воздухопловни несреќи
Нема жртви во ноќните напади со беспилотни летала меѓу Русија и Украина
Анкета: 73 проценти од Американците се загрижени дека ВИ може да го загрози опстанокот на човештвото
Рубио ѝ наредил на иранската преговарачка делегација да ги напушти САД откако преговорите запреле
Парламентот на Нов Зеланд распуштен пред националните избори во ноември
Кина ја одбележува 77-годишнината од своето основање
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани
Туркије ја повикува меѓународната заедница да преземе „конкретни чекори“ против Израел
Расправија меѓу пилотите наводно го активирала кодот за киднапирање на летот од Дубаи кон Тел Авив
Русија: Европските фабрики што ја вооружуваат Украина се потенцијални воени цели
Моди разговарал со Трамп- Индија бара привремен трговски договор со САД
Загреб: Судот го прогласи штрајкот на незаконски, трамваите и автобусите се вратија на улиците
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање на Велика Британија во ЕУ
Германска сојузна покраина ветува посилни економски врски со Туркије
Фити: Јавниот долг, одливот на мозоци и енергетската зависност се меѓу најголемите предизвици