| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Ние сме во Либан во средината на војната против Хезболах, израелските одбранбени сили ги држaт и ќе продолжат да ги држат сите области што ги исчистија и освоија, рече министерот за одбрана на Израел
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Тој посочи дека демонтирањето на оружјето на Хезболах со воени или дипломатски средства беше и останува цел на кампањата на Израел / AA
пред 2 часа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека десетдневното примирје со Хезболах, кое стапи на сила на полноќ, е „привремено“ и дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) не се повлекуваат од територијата во Либан и дека преостанатите мисии во таа земја ќе бидат завршени, доколку е потребно и со сила, објавија израелските медиуми.

„ИДФ ги држи и ќе продолжи да ги држи сите области што ги исчисти и освои“, рече Кац во соопштението.

Тој додаде дека копнените маневри во Либан и нападите против Хезболах низ целиот Либан постигнаа многу резултати, но дека тие сè уште не се целосно реализирани.

„Ние сме во Либан во средината на војната против Хезболах, со привремено замрзнување на конфликтот и десетдневно прекин на огнот“, рече Кац.

Тој посочи дека демонтирањето на оружјето на Хезболах со воени или дипломатски средства беше и останува цел на кампањата на Израел.

„Во моментов, создадена е значајна дипломатска предност преку директното учество на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата посветеност на оваа цел, а во исто време врши притисок врз либанската влада“, рече министерот.

Трамп претходно навести за директни разговори меѓу Либан и Израел по прекинот на огнот.

„Ќе продолжиме со чистењето на терористичката инфраструктура, вклучително и уништувањето на куќите во либанските погранични села кои станаа терористички упоришта“, рече Кац.

Тој призна дека сè уште има непријателски борци и оружје во новата безбедносна зона во јужен Либан, која се протега до реката Литани, додавајќи дека таа ќе биде исчистена со дипломатски договор или со обновени борби, објави „Тајмс оф Израел“.

„Доколку продолжат непријателствата, сите жители кои ќе се вратат во безбедносната зона ќе мора да бидат евакуирани за да може мисијата да се заврши“, предупреди Кац, нагласувајќи дека Израел ќе нападне и цели на Хезболах северно од реката Литани.

Повеќе
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Ердоган порача дека регионалните актери се клуч за мирот и безбедноста
Трамп: Израел и Либан се согласија на 10-дневен прекин на огнот
Морнарицата на САД вратила 14 бродови во првите 72 часа од блокадата на иранските пристаништа
Средба Ердоган-Сиљановска Давкова во Истанбул
Најмалку 16 загинати лица во руските ракетни напади врз украински градови
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Европа има гориво за авиони за само шест недели, предупреди Меѓународната агенција за енергија
Повиците за суспензија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел добиваат на интензитет
Претседателот на турскиот парламент повикува на суспензија на Израел од Обединетите нации