| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Мерц: Германската влада може да побара одобрение од Бундестагот за воена мисија во Ормутсиот теснец
Летниот одмор на германскиот парламент започнува по првата недела од јули. Тоа значи дека ни претстојат уште две редовни работни недели на Бундестагот во кои би можеле да го разгледаме ова прашање рече германскиот канцелар
Мерц: Германската влада може да побара одобрение од Бундестагот за воена мисија во Ормутсиот теснец
G7-Gipfel in Evian-les-Bains / Reuters

Германската влада може да побара одобрение од Бундестагот за воена мисија во Ормутскиот теснец пред летната парламентарна пауза, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Зборувајќи за новинарите на маргините на самитот на Г7 во Франција, Мерц рече дека Германија го поддржува рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и се подготвува да придонесе во операциите за деминирање и обезбедување безбедна пловидба низ Ормутскиот теснец.

„Летниот одмор на германскиот парламент започнува по првата недела од јули. Тоа значи дека ни претстојат уште две редовни работни недели на Бундестагот во кои би можеле да го разгледаме ова прашање“, рече Мерц.

Тој додаде дека таквиот воен ангажман ќе бара склучување на мировен договор меѓу САД и Иран, како и меѓународен правен мандат.

Германскиот брод за деминирање „Фулда“ и бродот за логистичка поддршка „Мосел“ веќе се распоредени во Источниот Медитеран, каде учествуваат во воени вежби.

Повеќе
Милатовиќ во Европскиот парламент: Црна Гора е подготвена да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година
Јужна Кореја покрена иницијатива за глобално партнерство за ВИ на Г7
Аселсан потпиша договор вреден 905 милиони долари за модернизација на противвоздушната одбрана
Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите
Фидан: Oдржувањето на Ормускиот Теснец отворен е од витално значење за глобалната трговија
Европскиот парламент конечно ги изгласа пакетот за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште