Опозицијата поддржана од студентите во Србија освои 52,71 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, според прелиминарните резултати што денес ги објави Републичката изборна комисија (РИК), јавува Анадолу.
Листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 2,26 милиони гласови, што ѝ донесе 140 пратенички места во Народното собрание со 250 членови, според резултатите од 8.187 од вкупно 8.392 избирачки места.
Листата „Обединета Србија“ на претседателот Александар Вучиќ освои 39,17 отсто од гласовите, односно околу 1,68 милиони гласови, со што, според проекциите, ќе добие 104 пратенички места, соопшти Комисијата.
Социјалистичката партија на Србија (СПС), предводена од Ивица Дачиќ, освои 2,17 отсто од гласовите, но не успеа да обезбеди ниту едно пратеничко место, покажуваат прелиминарните резултати.
Четири малцински листи обезбедија застапеност во Парламентот.
Според Комисијата, на досега преброените избирачки места гласале повеќе од 4,3 милиони избирачи, при што се евидентирани 4,24 милиони важечки гласови.






















