| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Деветта жртва од Западнонилска треска, почина 66-годишен пациент
Како што информира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, станува збор за 66-годишен пациент со потврдена невроинвазивна форма на болеста, кој бил хоспитализиран 28 дена и бил на механичка вентилација
Деветта жртва од Западнонилска треска, почина 66-годишен пациент
Според Цана, пациентот имал и повеќе придружни заболувања (Фото: Минисгерство за здравство)

Уште еден пациент почина како последица на Западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи од болеста се искачи на девет.

Како што информира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, станува збор за 66-годишен пациент од Куманово со потврдена невроинвазивна форма на болеста, кој бил хоспитализиран 28 дена и бил на механичка вентилација. Пациентот имал и повеќе придружни заболувања.

Досега на Клиниката биле хоспитализирани вкупно 66 пациенти со Западнонилска треска.

„Во моментов се хоспитализирани 11 пациенти, од кои еден е со потешка клиничка слика. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември“, изјави Цана.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 10 септември, сите дотогаш починати осум лица биле од Скопје и се мажи. Просечната возраст на починатите е 71,9 година, сите биле хоспитализирани, а седум имале коморбидитети.

Повеќе
Туркије и Велика Британија продолжуваат со работата на проектот за набавка на Еурофајтер тајфун
Фидан: Ердоган ќе бара ублажување на ЦAATСA и решение за С-400 во разговорите со Трамп
САД велат дека „вратата е отворена“ Иран да се врати на преговорите
ИРГК вели дека ќе ја промени „географијата на војната“ доколку повторно биде нападната
Иран го осуди Израел поради дејствувањето во Газа и на Западниот Брег во пресрет на ГСОН
Низ Ормуз поминуваат сѐ помалку бродови
Иран тврди дека собориле американски MQ-1 воен дрон
САД и Кина ги поздравуваат многу успешните разговори за трговија и ВИ пред самитот Трамп- Кси
Единствена Русија на Путин пред убедлива победа на парламентарните избори
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Вучиќ: Брзата пруга Белград-Будимпешта ќе биде отворена во октомври
Ердоган пристигна во Њујорк каде ќе се обрати на Генералното Собрание на ОН
АФД победи во уште една германска покраина, ЦДУ на Мерц не го исполни ни прагот
Трамп: Иран сака да постигне договор бидејќи губи во секој поглед
Принцот Хари: Добро е повторно да се биде на британско тло