Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади врз Јужен Либан рано утринава, објави либанската државна новинска агенција ННА.
Два воздушни напада биле извршени врз шумската област Али ал-Тахер, на источната периферија на Набатие ал-Фаука, околу 6 часот по локално време (03:00 часот по Гринич), објави ННА.
Според агенцијата, авионите истрелале неколку високoексплозивни ракети, предизвикувајќи силна експлозија што се слушнала низ целата област, при што настанале густи облаци чад.
Израелските воени авиони, исто така, во текот на ноќта погодиле подрачје меѓу градовите Завтар ал-Шаркија и Мајфадун.
Израел продолжи со воените операции во Либан откако на 2 март започна нова офанзива, при што неговите сили напредуваа во други области во Јужен Либан.
На 26 јуни Либан и Израел постигнаа рамковен договор со посредство на САД, со кој се предвидува постепено повлекување на израелските сили од окупираната либанска територија во замена за распоредување на либанската армија и разоружување на вооружените групи, вклучително и Хезболах.
Оттогаш двете страни одржаа преговори со посредство на САД за спроведување на договорената рамка, вклучително и за аранжманите за повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија, но продолжија израелските напади врз Јужен Либан.





















