| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Чамбаши- висорамнината што го спојува земјоделството, туризмот и планинскиот мир
Висорамнината на 2.000 метри надморска височина во регионот на Црното Море, која со својата природа ги воодушевува посетителите, по затоплувањето на времето повторно оживеа со доаѓањето на локалното население и посетителите
Чамбаши- висорамнината што го спојува земјоделството, туризмот и планинскиот мир
Овчарите ги пасат стадата на 2.000 метри, локалното население работи во градините, а посетителите уживаат на чистиот воздух среде уникатниот пејзаж / AA

Висорамнината Чамбаши во Орду, Туркије и околните бачила, покрај локалното население кое продолжува со земјоделските и сточарските активности, секојдневно ги пречекуваат и оние што сакаат да уживаат во природата.

Висорамнината на 2.000 метри надморска височина, што се наоѓа во областа Кабадуз, како и околните бачила, меѓу кои се и Ташбаши, Ерташ и Ѓоларди, се омилени поради нивните бескрајни шуми и воздухот богат со кислород.

Висорамнината, која со својата природа ги воодушевува посетителите, по затоплувањето на времето повторно оживеа со доаѓањето на локалното население и посетителите.

Оние што доаѓаат на висорамнината и во бачилата, пред сè од руралните населби, но и од другите окрузи, во своите градини садат семиња и расад од различни видови зеленчук. Сточарите, пак, ги поминуваат деновите пасејќи ги своите стада од ситен и крупен добиток по ливадите.

Оние што сакаат да се оддалечат од градската врева, поминуваат ден во природата каде што цветаат шарени цвеќиња, меѓу кои и рододендрони, а купуваат и на продажните места локални производи.

Љубителите на адреналин, пак, се забавуваат возејќи се на летната санка поставена во ски-центарот Чамбаши.

61-годишниот Сефа Каја, кој со своето семејство престојува во својата куќа во бачилото Ташбаши, за Анадолу изјави дека е убаво човек да се занимава со земја.

Посочувајќи дека во својата градина засадил кељ, цвекло и компири, Каја рече: „Природата овде е многу убава. Во боровите шуми, наутро, заедно со ситниот дожд, тој мирис го опива човекот. Овде сè е природно.“

Фарук Думан, исто така, рече дека секогаш кога има можност, доаѓа на висорамнината со своето семејство и им помага на своите роднини кои имаат куќа таму во работите околу лозјата и градините.

Сердар Озкан, кој дошол во својот роден град од Германија на одмор, вели дека е среќен што поминал пријатно време на висорамнината што ја посетил со сопругата и децата.

Озкан рече дека секогаш ужива во посетата на висорамнината Чамбаши кога доаѓа во Орду, велејќи: „Толку е убаво овде кога цветаат цвеќињата. Изгрева сонцето, потоа е непредвидливо, понекогаш е ладно, понекогаш е жешко. Треба малку да се облечете. Толку е убаво, не можам ни да го опишам. Го сакам моето село, ја сакам мојата земја.“

Извор: АА

Повеќе
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија
Најмалку 21.000 деца убиени во Газа по 1.000 дена израелска војна: Спасете ги децата!
1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата
Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо