Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја напушти португалската репрезентација, велејќи дека причините за својата одлука ќе ги открие на јавноста подоцна.
Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија во пресрет на натпреварот против Данска во Лигата на нации, по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе остане на клупата на утрешниот натпревар.
Кристијано Роналдо остана на клупата за резервни играчи и во текот на целиот натпревар во кој Португалија ја совлада Норвешка со 2:1 во Осло, во рамките на Лигата на нации. Тренерот Жорже Жезуш така испиша ново поглавје во кариерата на најголемата португалска ѕвезда на сите времиња, бидејќи последниот пат кога Роналдо следел натпревар од официјален карактер од клупата било на 15 јуни 2008 година, против Швајцарија.
„По прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, донесов одлука да ги напуштам подготовките на репрезентацијата“, напиша Роналдо и продолжи:
„Со текот на времето, ќе им ја кажам на сите Португалци вистината за причините што ме наведоа да ја напуштам репрезентацијата, на која отсекогаш сум се посветувал. Сега е време да им посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок“, изјави Роналдо.
Селекторот Жорже Жезус пред Роналдо да го нашушти кампот демантираше дека постои конфликт или одбивање на обврските, тврдејќи дека станува збор за рутински одмор.
Жезус на прес-конференцијата инсистираше дека односите се чисти и ги повика медиумите да не измислуваат скандали.
„Крис не одби да тренира. Ме натераа да разговарам со него за проблем што воопшто не постои. Тој ми рече: ‘Тука сум за ти да одлучиш. Ако сакаш да играм, ќе играм. Ако сакаш да одам на трибини, ќе одам’“, рече португалскиот селектор.
„Јас сум тренер, јас одлучувам кој ќе игра, а кој не. Роналдо беше лут што не играше против Норвешка, но планот беше направен со него и мојот тим. Се договоривме дека нема да игра против Норвешка, а сега и против Данска. За мене, работата е решена, ниту еден играч нема да ме предомисли. Ниту Роналдо, ниту претседателот, ниту некој друг!“.
Роналдо има 41 година, за Португалија настапува од 2003 година и е рекордер со 234 настапи и 146 голови. Со националниот тим го освои Европското првенство во 2016 година и две изданија на Лигата на нациите.




















