| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Де ла Фуенте: Горд сум на играчите; Скалони: Шпанија беше подобра
Горд сум на играчите и горд сум што сум Шпанец, изјави селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте откако „Фуријата“ ја освоија титулата светски шампион со победа од 1:0 над Аргентина.
Де ла Фуенте: Горд сум на играчите; Скалони: Шпанија беше подобра
Шпанците беа подобри, тоа е вистина, но, ќе го негувам извонредното сеќавање на сè што постигна мојот тим, рече аргентинскиот селектор

„Исклучително сум горд на оваа генерација играчи. Тие пораснаа со оваа идеја, градеа врз неа и ни покажаа што значи единство, тимски дух и вистинско семејство. Ова се играчи кои се исклучително талентирани. Беше голема чест за мене да можам да ги следам на ова патување. Кога ќе се осврнам назад, многу сум трогнат“, рече шпанскиот стратег.

„Разговаравме многу со играчите. Освоивме сè што можеше да се освои, а тоа е нешто прекрасно. Оваа генерација фудбалери е гордост на цела Шпанија. Заедно сме најсилни“, додаде 65-годишниот шпански стручњак.

Де ла Фуенте истакна дека „Фуријата“ требало порано да го реши финалето.

„Мислам дека требаше порано да го решиме натпреварот. Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, направи неколку исклучителни одбрани. Во вакви натпревари, мора да се страда до крај“, рече тој.

Херој на натпреварот беше Феран Торес, стрелецот на одлучувачкиот гол.

„Тоа не е мој гол, тоа е гол на 47 милиони луѓе. Така требаше да биде. Победивме за нашите луѓе. Секое финале е тешко. Кога играте против Лионел Меси, секогаш постои ризик. Но се потпиравме само на нашата игра и го докажавме тоа“, рече тој.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, беше скршен по натпреварот.

„Чувствата по натпреварот се полни со тага, но знам дека ги оставивме срцата на теренот. Засекогаш ќе им бидам благодарен на моите момци што стигнаа до нивното второ последователно финале на Светското првенство и се бореа до последната минута“, рече тој.

„Шпанците беа подобри, тоа е вистина. Н, ќе го негувам извонредното сеќавање на сè што постигна мојот тим. Мораме да му ја дадеме вистинската вредност на ова достигнување, потребен е многу труд за да се стигне до финалето. Одлични сме по победите, а мора да останеме одлични дури и по поразите. Го загубивме натпреварот и јас ја преземам одговорноста за тоа“, додаде тој.

Повеќе
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса