| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
„Чекори на сеќавањата“: Во Скопје се одржа Марш во сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница
„Сеќавањето на Сребреница не е обврска само на преживеаните, туку на секој граѓанин кој верува дека секој човечки живот има еднаква вредност.“
„Чекори на сеќавањата“: Во Скопје се одржа Марш во сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница
„Чекори на сеќавањата“: Во Скопје се одржа Марш во сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница

Во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, а по повод Меѓународниот ден на одбележувањето на геноцидот во Сребреница, во Скопје се одржа традиционалниот марш, овојпат со слоганот „Чекори на сеќавањата“.

Маршот се одржа во организација на Бошњачкиот национален сојуз во Скопје, на кој присуствуваа бројни личности од политичкиот живот, претставници на политички партии, граѓански здруженија и бројни граѓани од различни етнички заедници.

Претседателот на БНС, Џевад Хот, ги поздрави присутните и порача дека сеќавањето на Сребреница не е само обврска на преживеаните, туку на секој човек кој ја почитува вредноста на човечкиот живот.

„Сеќавањето на Сребреница не е обврска само на преживеаните, туку на секој граѓанин кој верува дека секој човечки живот има еднаква вредност“, рече Хот.

На крајот од настанот се одржа проекција на документарен филм за фактите за геноцидот во Сребреница.

Во Собранието на Северна Македонија вчера се одржа комеморативен настан по повод 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина.

Со настанот во Собранието беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот.

На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи.

Комеморативен настан во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница се одржа вчера и во Општина Чаир, во организација на здружението на Форумот на Бошњаците.

Во текот на изминатите денови започна одржувањето на Меѓународните ликовни средби во Скопје по повод одбележување на геноцидот во Сребреница. На Меѓународните ликовни средби учествуваа уметници од земјава, регионот и пошироко, а ги водеше проф. д-р Фехим Хусковиќ.


Геноцид во Сребреница

Во јули 1995 година единиците на тогашната Војска на Република Српска под команда на хашкиот осуденик Ратко Младиќ извршија геноцид врз Бошњаците во Сребреница, при што ја нападнаа „заштитената енклава на Обединетите нации“ во Сребреница, Босна и Херцеговина.

Во геноцидот беа убиени 8.372 лица. Десетици илјади жени, деца и стари лица беа депортирани или беа принудени да побараат спас во околните шуми, барајќи го патот кон слободната територија.

На 11 јули годинава на гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари се погребуваат посмртните останки на уште 10 жртви на геноцидот.

Од крајот на војната, жртвите – кои досега се пронајдени на 150 локации, вклучително и 77 масовни гробници, и се идентификувани преку ДНК-анализа – се погребуваат таму секоја година, на годишнината од геноцидот.

Меѓу ковчезите подготвени за овогодишниот погреб, покриени со зелено погребно платно, се оние на најмладата неодамна пронајдена жртва (Сенад Јушиќ, кој имал 20 години кога бил убиен) и на најстарата (Рамо Даутовиќ, убиен на 56-годишна возраст). Останатите неодамна идентификувани жртви се Муриз Бараковиќ, Хамед Мушиќ, Рамо Алиќ, Мухидин Османовиќ, Хусо Ќеримовиќ, Нуко Нукиќ, Ахмет Густер и Асим Куниќ.

Досега во Поточари се погребани 6.772 жртви, додека други 250 се погребани на други места по барање на нивните семејства. Посмртните останки на повеќе од 1.000 жртви на геноцидот сè уште се водат како исчезнати.

Жртвите потекнуваат од различни општини, повеќето од подрачјата на Сребреница, Братунац, Власеница, Зворник и Милиќ. Жртвите на геноцидот се пронајдени на 150 различни локации, од кои 77 се масовни гробници. Најмладата жртва досега погребана во Поточари е новороденчето Фатима Мухиќ, а најстарата е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса