| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Мексико со победа против ЈАР го отвори Мундијаот
Вечерва на легендарниот стадион Ацтека во Мексико Сити, Мексиканците ја надиграа репрезентацијата на Јужнoaфриканската Република со 2:0 во групата А и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата
Мексико со победа против ЈАР го отвори Мундијаот
Раул Хименез во 67. минута го постигна вториот гол за Мексико и негов прв во својот четврти настап на Светските првенства / Reuters

Фудбалерите на Мексико ја победија репрезентацијата на Јужнoaфриканската Република (ЈАР) со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од 23. Светско првенство, кое започна во четврток со натпревар од групата А на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.

Почетокот на Мундијалот што се игра во САД, Мексико и Канада е своевидна репризата од натпреварот од отворањето на СП 2010 во Јужна Африка, кога домашната репрезентација одигра 1:1 со Мексико.

Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу подобро издание од противникот, сосема заслужено ги освоија првите бодови во групата „А“ и најавија кандидатски статус за место во нокаут рундата.

Со брз гол на Хулијан Кинонес во 9. минута, Мексико поведе со 1:0 и најави напад на три бода. Во продолжението, домашната репрезентација имаше уште две зрели шанси преку Раул Хименез и Кинонес за зголемување на водството, но ЈАР имаше среќа и замина на пауза со само еден гол во мрежата.

Во вториот дел, по подарок од противникот, Мексико можеше да постигне гол кога Кинонес ја погоди стативата.

Во 49. минута, Гутиерез излезе сам пред шеснаесетниот на противникот, а Ситхол стартуваше врз него, по што бразилскиот судија му го врачи и првиот црвен картон на шампионатот.

Во продолжение, конечно Раул Хименез во четвртиот настап на Мундијалите успеа да го постигне својот прв гол. Во 67. минута по одлично нафрлување, со глава ја смести топката во мрежата на Вилијамс.

Ова за него беше 47. гол во дресот на Мексико со кој изби и на 2. место на вечната листа.

ЈАР до крајот остана и со уште еден уграч помалку на теренот. Нововлезениот Цване беше исклучен поради удар во лицето на противнички фудбалер во 84. минута.

Во судиското продолжение по еден груб старт во контранапад на гостите стоперот на Мексико, Монтес беше испратен предвреме во соблекувалната.

Повеќе
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат