| Macedonian
Шеин со загуба од 99 милиони долари поради царините на Трамп
Кинескиот гигант за брза мода Шеин, со седиште во Сингапур, соопшти дека пријавил загуба во првите три месеци од годината, во споредба со нето добивката од 395 милиони долари една година претходно
Шеин со загуба од 99 милиони долари поради царините на Трамп
Шеин, пак, имал 281 милион активни клиенти лани, заклучно со март 2026. , што е зголемување од над 16% во споредба со претходната година

Компанијата Шеин објави дека забележала квартална загуба од 99 милиони долари по забавувањето на продажбата, предизвикано од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го укине ослободувањето од увозни давачки за стоки со ниска вредност, објави денес Би-Би-Си.

Тоа ослободување им овозможуваше на стоките во вредност од 800 долари или помалку да влезат во САД без царина.

Американските потрошувачи се потпираа на ова ослободување за да купуваат евтини стоки преку платформи за онлајн купување како што се Шеин и Тему.

Ова доаѓа во време кога сè уште постои неизвесност во врска со трговската војна меѓу Америка и Кина, која вклучува меѓусебно воведување царини, и која моментално е во фаза на мирување.

Гигантот за брза мода Шеин, со седиште во Сингапур, соопшти дека пријавил загуба во првите три месеци од годината, во споредба со нето добивката од 395 милиони долари една година претходно.

Објавата дојде додека компанијата се подготвува да излезе на берза во Хонг Конг, иако во документот не е наведен обемот, временската рамка или цената на планираната почетна јавна понуда (ИПO).

„Како одговор на зголемените царини и даноци, разгледуваме голем број опции, вклучително и зголемување на цените на американскиот пазар за да се компензираат дел од зголемените трошоци“, напишаа од Шајн во досието.

Компанијата, исто така, истакна дека конфликтот во Иран имал негативно влијание врз побарувачката, ги зголемил трошоците и довел до доцнење во испораките на одредени пазари.

Документацијата покажува дека Шеин имал 281 милион активни клиенти во годината што завршува во март 2026 година, што е зголемување од над 16% во споредба со претходната година.

На 10 јули, кинеската Комисијата за регулирање на хартии од вредност (ЦСРЦ) ја одобри продажбата на акциите на Шеин во Хонг Конг, по неуспешните обиди за објавување на берзата во Њујорк и Лондон.

Се очекува јавната почетна понуда на берзата на Хонг Конг да се случи во наредните месеци.

Податоците на компанијата укажуваат на негативното влијание на извршната наредба потпишана од Трамп со која се стави крај на ослободувањето од глобални царини што го користеа американските купувачи на евтини стоки.

Порано во јули, Европската унија воведе царина од три евра за увоз на стоки со ниска вредност преку онлајн трговија.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“