| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард Банка АД
Според обвинението, претседателите на Управниот одбор, Кредитниот одбор, Одборот за управување со ризици и Надзорниот одбор од 2013 до 2019 година одобрувале ризични кредити спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката
Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард Банка АД
Со ваквото постапување банката била доведена во стечај, а доверителите биле оштетени во износ од над 1.6 милијарди денари / TRT Balkan

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против за стечајот во Еуростандард банка АД, пет години по почетокот на истрагата.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело- Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело- Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик“, соопшти ЈОРМ.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката.

„Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари“, се посочува во објавата од Обвинителство.

Воедно во соопштението се додава дека според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките.

„Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон“, се нагласува во објавата.

Повеќе
Убиени седум Палестинци низ Газа во последните израелски напади
Милиони луѓе присуствуваат на церемониите во Наџаф и Кербала за погребот на ајатолахот Хамнеи
Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Планот на „Фолксваген“ за намалување на трошоците ја загрозува германската автомобилска индустрија
Администрацијата на Трамп е тужена поради наводно споделување на евиденција за азил со Иран
Иран: Сите бази на САД во регионот се легитимни цели ако продолжи прекршувањето на прекинот на огнот
САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец
Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир
Туркије и Канада официјално ги почнаа преговорите за договор за слободна трговија
Туркије: Самитот на НАТО во Анкара отвора ново поглавје за одбранбената индустрија на Алијансата
Ле Пен прогласена за виновна, но судот ѝ ја скрати забраната за вршење на јавна функција
Трамп на средбата со Ердоган: САД ќе ги укинат санкциите за Туркије
Фон дер Лајен: Туркије е една од најголемите вооружени сили на НАТО
Шекеринска: Туркије ќе купи крстосувачки ракети Атмаца со долг дострел