| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Израел го поддржува договорот на Трамп со Иран, но го исклучува Либан од примирјето
Израел, исто така, изјави дека ги поддржува напорите на Вашингтон да се осигура дека Иран повеќе не претставува нуклеарна, ракетна или „терористичка“ закана за САД, Израел и неговите арапски соседи
Израел го поддржува договорот на Трамп со Иран, но го исклучува Либан од примирјето
Во израелската офанзива во Либан досега загинале најмалку 1.500 лица / Reuters
пред 15 часа

Израел ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги суспендира нападите врз Иран две недели, но примирјето не го вклучува Либан, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во среда.

Израелскиот премиер го поддржува потегот на САД под услов Техеран веднаш да го отвори Ормускиот теснец и да ги прекине нападите врз САД, Израел и земјите во регионот, според соопштението, пренесува Ројтерс.

Изјавата доаѓа откако Вашингтон објави двонеделна суспензија на нападите врз Иран, со цел деескалација на конфликтот и отворање простор за преговори. Израел, исто така, изјави дека ги поддржува напорите на САД да се осигура дека Иран повеќе не претставува нуклеарна, ракетна или „терористичка“ закана за САД, Израел и неговите арапски соседи.

Во соопштението се додава дека Вашингтон го информирал Израел оти останува посветен на заедничките цели во претстојните преговори.

Иран објави во среда дека преговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад.

Двајца претставници на Белата куќа претходно потврдија дека Израел се согласил на двонеделно примирје и прекин на бомбардирањето на Иран, додека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше во договорот, објави на X дека договорот вклучува прекин на израелските операции во Либан.

Израелската офанзива во Либан досега одзеде најмалку 1.500 животи и расели околу 1,2 милиони луѓе.

Либан беше вовлечен во конфликтот откако Хезболах испука ракети кон Израел во знак на солидарност со Техеран, два дена откако Иран ги нападна Израел и САД. Тој напад предизвика нова израелска копнена и воздушна офанзива.

Повеќе
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Најмалку четворица убиени во израелски напад во Либан по прекинот на огнот меѓу САД и Иран
Извори од НАТО ја потврдуваат поврзаноста на Кина со скандалот со грчката воена шпионажа
Туркије го поздравува привременото примирје меѓу САД и Иран и повикува на „целосно спроведување“
Како Трамп премина од закана за уништување на Иран на двонеделен прекин на огнот
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
Израел го поддржува договорот на Трамп со Иран, но го исклучува Либан од примирјето
Северна Кореја испали неколку балистички ракети со краток дострел кон Источното Море
Анкета: Негативните ставови за Израел и Нетанјаху се зголемуваат кај Американците
Илјадници луѓе излегоа на улиците во Техеран по објавувањето на прекинот на огнот со САД
Американски пратеник поднесе барање за импичмент против Трамп
Трамп сигнализира улога на САД во обезбедувањето на Ормускиот теснец по прекинот на огнот со Иран
Иран вели дека САД „во принцип“ го прифаќаат мировниот предлог од 10 точки
Пакистанскиот премиер објави прекин на огнот меѓу САД и Иран, планирани преговори во Исламабад
Иран: Подготвени сме за најлошото сценарио