| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
„Целта не е казнување, целта е сообраќај во рамките на обележаните брзини, сообраќај кој спасува животи“, нагласуваат од МВР.
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата / TRT Balkan
пред 10 часа

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции - ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Европската акциска контрола на брзина на патиштата ќе се одвива во периодот 13-19 април, а в среда на 15 април од 00.00 часот до четврток 16 април 00.00 часот ќе биде 24 часовен Маратон на брзина во кој период ќе има непрекинати акциски контроли на брзината на движење на територијата на целата држава. 

„Брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици на нашите патишта. Затоа мораме да делуваме постојано. Со имплементација на проектот „Безбеден град“ и постојаните сообраќајни акциски контроли се: зголемува свесноста од опасностите на брзото возење, се поттикнува промена на однесувањето на возачите на долг рок о се спасуваат животи“, информираат од МВР.

Од МВР, посочуваат дека голем дел од локациите на акциските контроли им се однапред познати на возачите со цел да се засили превентивниот карактер на акциите.

„Целта не е казнување, целта е сообраќај во рамките на обележаните брзини, сообраќај кој спасува животи“, нагласуваат од МВР.

ROADPOL маратонот за брзина (Speed marathon) е заедничка акциска контрола на сите европски сообраќајни полиции која се изведува истовремето на сите европски патишта.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије ќе се залага за фер финансирање за климата на COP31
Вучиќ предупреди на глобална економска криза и можни конфликти
Рама: Албанија во 2030 година членка на ЕУ е цивилизациски избор
Европа се стреми кон намалување на побарувачката на енергија во услови на вртоглав раст на цените
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Кинескиот претседател Кси е домаќин на разговори со шпанскиот премиер Санчез
Нетанјаху вели дека Европа има „многу да научи“ од Израел за „доброто и злото“
Иран побара оштета од пет арапски држави за помагање на нападите од САД и Израел
Џ.Д. Венс: Поразот на Орбан е лош за САД, но ќе соработуваме со новиот премиер
Францускиот производител на цемент Лафарж прогласен за виновен за финансирање на Даеш во Сирија
Балканските земји испратија честитки до Маѓар
Пилотите на Луфтханза започнаа 48-часовен штрајк
Туркије предупреди против воени решенија за тензиите во Ормускиот Теснец, повика на мировен пристап
Иран: Ниту едно пристаниште во Персискиот Залив и Оманското Море нема да биде безбедно