| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Во иранскиот ракетен напад рано утринава погодени се девет локации во поширокиот регион на Тел Авив, при што се оштетени железничка станица и една зграда, јавуваат израелските медиуми
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив / Reuters
пред 7 часа

Во иранскиот ракетен напад рано утринава погодени се девет локации во поширокиот регион на Тел Авив, при што се оштетени железничка станица и една зграда, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека има оштетувања на железничката станица „Савидор Централ“ во Тел Авив, а весникот „Хаарец“ објави дека остатоци од ракетите паднале на девет различни локации во централниот дел на земјата.

Телевизијата Канал 12 јави дека едно лице е повредено откако делови од ракетите погодиле повеќе места во Централен Израел.

Според овие извори, оштетена е зграда и во Рамат Ган, источно од Тел Авив.

Регионот е во состојба на зголемена готовност откако САД и Израел на 28 февруари започнаа воздушна офанзива, при што, според достапните информации, загинале повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со дронови и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази. Во нападите има жртви и предизвикана е материјална штета, како и нарушувања на глобалните пазари и авиосообраќајот.


Повеќе
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени