| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Курти апелира да се избере претседател на Косово за излез од политичката криза
„Верувам дека ЛДК требаше да дојде во заедничката влада со политички договор. Не е неопходно да биде идентично со изборниот резултат, 53 наспроти 18, но не е можно ниту негово игнорирање“, рече Курти
Курти апелира да се избере претседател на Косово за излез од политичката криза
Курти апелира да се избере претседател на Косово за излез од политичката криза

Вршителот на должноста премиер на Косово и лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, изјави дека „изборот на претседател на Собранието и формирањето влада не се предизвици, предизвик е изборот на претседател на државата“.

Курти рече дека новиот претседател на Косово треба да биде личност со придонес во општеството и со национални и граѓански вредности.

„Како што ви е познато, ставот на Самоопределување, како победник на изборите, е дека идниот претседател треба да биде консензуален, со што поширока поддршка во Собранието и меѓу народот, да биде личност која има заслуги и придонес, национални и граѓански вредности, но и некој кој се докажал во професијата и општеството. Затоа сакаме да постигнеме договор за да избегнеме нови избори“, рече Курти.

Според него, договорот за претседател мора да биде постигнат однапред за да се избегнат нови избори.

„Отворени сме за темелни разговори за да дојдеме до име или имиња за кои ќе ги дадеме потписите за да се кандидираат и подоцна да бидат избрани. Тоа треба да биде некој кој е надвор од актуелната политичка сцена, надвор од секојдневните партиски полемики и кој е обединувачка фигура, бидејќи Уставот на Косово вели дека претседателот на Републиката треба да биде израз на единството на народот“, изјави Курти.

Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, дека нема да продолжи со преговорите за формирање заедничка влада со Самоопределување, Курти рече дека верува оти ЛДК требало да се приклучи кон неговата партија во заедничка влада.

„Верувам дека ЛДК требаше да дојде во заедничката влада. Да имаме политички договор. Не е неопходно тој да биде идентичен со изборниот резултат, 53 наспроти 18, но не е можно ниту изобличување на изборниот резултат. Не е мала работа кога со 18 пратеници добиваш претседател на Собранието“, кажа Курти.

Според неговите зборови, кога виделе дека во ЛДК не се заинтересирани за функцијата претседател на Собранието, била повторена понудата од пролетта: доколку Самоопределување има кандидат за претседател на Косово, а тоа тогаш бил Глаук Коњуфца, ЛДК да добие место заменик-премиер и четири министерства.

„Во случај кандидатот за претседател да биде консензуален, би добиле место заменик-премиер и три министерства“, рече лидерот на Самоопределување.

Курти оцени дека не би било мала работа доколку претседателот на ЛДК, Лумир Абдиџику, стане негов заменик во владата.

Тој додаде дека, во врска со изјавата на Абдиџику, им напишал на тројцата лидери на партии за што побрзо да се сретнат и да се договорат околу претседателот.

„Мора да разговараме и за имињата“, рече косовскиот премиер.

Во петокот, 7 август, заврши рокот од 30 дена за конституирање на косовското Собрание, но продолжението на седницата што започна во четвртокот се одржа во саботата.

На последните две седници, Курти, побара повеќе време за преговори со другите партии по прашањето за претседателот.

По изјавите на Курти, опозициските партии организираа протести, за време на кои премиерот Курти беше нападнат со јајца.

Повеќе
Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се зголеми над 280
Трамп воведе царини од 100% за увоз на дронови и критични компоненти
Русија: Над 50 дронови соборени околу клучен центар за извоз на нафта
Приоритет на САД е пониска цена на нафтата во преговорите со Иран
Евакуација на жители во Хрватска по голем пожар на крајбрежјето
Салман разговараше со началникот на ЦЕНТКОМ за деескалација низ регионот
ЦИА се сомнева во тврдењето на Израел за наводниот ирански заговор против Трамп по НАТО самитот
Туркије и Бугарија разговараа за нови железнички врски
Француските пожарникари започнаа голем штрајк поради недостиг на кадар и ресурси
Во Владата одбележана 25-годишнината од Рамковниот договор
Свлечиште од земја уби најмалку 5 лица во нелегален рудник за злато во Индонезија
Јужнокорејскиот претседател повикува на „паметна“ војска поради ниската стапка на наталитет
Во Албанија избувнаа 45 пожари во рок од едно деноноќие
30 притворања во операцијата против криминалната организација Алихан Куриш
Рускиот претседател го посети курилскиот остров Итуруп