Ердоган го честиташе Курбан Бајрам, а Ципрас формираше нова грчка партија
Слушате дневни блиц вести, денес сме среда 27 април
Ердоган го честиташе Курбан Бајрам и упати пораки за солидарност
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го честиташе празникот Курбан Бајрам со пораки за единство и солидарност и додека радоста на празнувањето треба да му донесе добробит на турскиот народ и на светот, сепак хуманитарната катастрофа во Газа не може да се игнорира.
Во израелски воздушни напади во Либан загинаа 31 лице, над 40 ранети
Во последните израелски воздушни напади врз Либан загинаа 31 лице, меѓу кои жени и деца, а над 40 се повредени, информираа службите за цивилна заштита. Нетанјаху се закани дека ќе ги засили нападите откако Хезболах возврати со напад со дронови врз израелски воени позиции.
СБОН го осуди дронскиот напад врз нуклеарна централа во ОАЕ
Советот за безбедност на ОН најостро го осуди нападот со беспилотни летала врз генератор на електрична енергија надвор од внатрешниот периметар на нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), предупредувајќи на сериозни ризици за цивилите и животната средина.
Џ.Д Венс го пофали ставот на папата Лав за вештачката интелигенција
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го пофали папата Лав XIV за издавањето теолошко предупредување за ризиците од неконтролираниот напредок во вештачката интелигенција. „Она што го прочитав звучи многу длабоко и нешто што би го очекувале и се надевале од водач на црквата“, изјави Венс.
И за крај на денешниот блиц…
Ципрас формираше нова партија во Грција
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и лидер на Сириза формираше нова политичка партија наречена Грчка левичарска партија или ЕЛАС алудирајќи на антифашистичкото минато. Главната цел е да ги обедини сите прогресивни и левичарски движења во Грција.
Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
