Трамп изјави дека САД не преговараат со Иран, но најави дека нешто ќе се случи. Конгресменката Рамирез изјави дека израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четвртрок 22 октомври
Трамп: Не, мислам дека не преговараме со Иран, но ќе се случи нешто
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Вашингтон не преговара со Иран, додавајќи дека „наскоро“ ќе се случи „нешто, на еден или на друг начин“. „Не, мислам дека не преговараме“, изјави Трамп за новинарите по враќањето од митинг во Јужна Каролина. „Ќе се случи нешто, на еден или на друг начин, и тоа прилично наскоро“. „Повеќето луѓе се чини дека мислат дека тоа ќе биде по изборите, па ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен
Американската конгресменка Делија Рамирез изјави дека израелскиот геноцид врз Палестинците „не е завршен“, повикувајќи на усвојување на нејзиниот закон за блокирање на испораките на американски бомби за Израел. „Израел врши геноцид врз Палестинците, платен од американските даночни обврзници“, објави демократката од Илиноис.
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека извршила напад врз четири брода во северниот дел на Персискиот Залив, за кои наведе дека вршеле претовар на нафта од еден на друг брод. Поморските сили на ИРГЦ во соопштение наведоа дека „нападнатите бродови сè уште биле во пламен“.
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Европските парламентарци повикаа на подлабока соработка меѓу блокот и Канада на пленарна седница во Стразбур во среда, пред самитот на лидерите на двете страни во Монтреал следната недела. Самитот Канада-ЕУ ќе се одржи во Монтреал, Канада, на 29 и 30 октомври.
И за крај на денешниот блиц…
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
