| Macedonian
Дневни блиц вести 02.10.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 02.10.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 2 октомври

Саудиска Арабија демантира за бомбаш-самоубиец во Големата џамија во Мека. Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 2 октомври

Саудиска Арабија демантира за бомбаш-самоубиец во Големата џамија во Мека

Саудиските власти ги негираа извештаите за самоубиствен бомбаш во Големата џамија во Мека, наведувајќи наместо тоа дека еден маж е уапсен за вознемирување на минувачи и предизвикување страв и паника, што предизвика итна интервенција од страна на безбедносните сили.

Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Tаа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Планирана е прес – конференција со премиерот Мицкоски. Се очекува на средбите со Мицкоски и Сиљановска Давкова, една од клучните теми на разговор да биде македонската европерспектива и застојот во евроинтегративните процеси во контекст на уставните измени.

Арапската партија „Балад“ го повлекува својот лидер од претстојните општи избори во Израел

Израелската арапска партија „Балад“ вчера вечерта одлучи да ја повлече кандидатурата на својот лидер од општите избори закажани за 27 октомври, откако Врховниот суд навести дека мнозинството судии го поддржуваат неговото исклучување. „Канал 12“ објави дека „Балад“ – формално позната како Национално демократско собрание и која настапува како дел од „Заедничката листа“ – се согласила нејзиниот лидер Сами Абу Шехаде да го прифати предлогот на судот за повлекување од парламентарните избори (за Кнесетот).

САД распореди дополнителни системи „Патриот“ во Саудиска Арабија и Катар

Американската војска распореди две дополнителни ракетни батерии „Патриот“ за заштита на енергетските објекти во Саудиска Арабија и Катар, во период на подготовки за евентуални обновени воени операции против Иран, објави новинскиот сајт „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски претставници и регионален извор.

И за крај на денешниот блиц…

Кремљ вели дека Русија одговара на нападите на Украина во Црното Море

Кремљ во петокот соопшти дека Русија одговара на нападите на Украина во Црното Море, пренесе државната новинска агенција ТАСС. Обраќајќи им се на новинарите, портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Украина „мора да плати цена“ за извршувањето на поморските напади. Рускиот претседател Владимир Путин „вчера рече дека нам не ни треба примирје – нам ни треба мир“.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 05.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите